gallery

Со претприемачко општество до поголема вработливост

Еве една презентација за претприемачко општество која беше дел од советувањето одржано во МАНУ на тема “како до поголема вработеност на студентите и дипломците” на кое навистина се презентираа доста корисни идеи и предлози.
post

Активности за претприемачко учење во Македонија

Претприемачко учење станува еден од најзначајните процеси на кој се става главен фокус од страна на развиените нации, што полека но сигурно станува практика и кај нас.

претприемачко учење

Во моментов во тек е изработка на стратегија за претприемачко учење во Република Македонија и дел од активностите на тимот кој работи на подготовка на стратегијата е да се анализираат сите досегашни практики и активности кои се поврзани со претприемачко учење и се имплементирани или уште се активни кога станува збор за оваа тема.

Продолжи…

post

Стратегија за претприемачко учење [Презентации]

Подготовка на стратегија за претприемачко учење е во турбо фаза. На 03.07.2013 година се одржа третата работилница на која учество земаа клучните стејкхолдери кога станува збор за претприемачко учење, процес кој ќе има за цел да обезбеди долгорочен развој и просперитет на нашата земја во иднина.

Овие презентации се дел од муабетот кој беше тема на работилницата. Инаку коментарите, фидбекот и дискусијата која се отвори на самата работилница даваат огромен допринос во подготовка на поквалитетна стратегија.

Погледенете ги презентациите и доколку имате некои коментари, идеи или пак препораки слободно искажете ги или преку коментар на овој пост или преку контакт формата на претприемач.

Некои резултати од спроведени истражувања и анализи

Препораки за стратегија за претприемачко учење

Прва драфт структура на стратегија за претприемачко учење

post

[Истражување] Стратегија за претприемачко учење

Во тек е подготовка на стратегија за претприемачко учење. За таа цел досега се одржаа две работилници каде од страна на клучните стејкхолдери беа споделени различни идеи како предлози кои би требало и би можеле да се вклучат во стратегијата.

Изработен е анкетен прашалник преку кој може да се обезбеди вклучување на вашето мислење за онаа што веќе постои како предлог, но и сосема нови идеи кои би можеле да бидат дел од стратегијата.

Продолжи…

post

Презентација на тековна состојба со стратегии за претприемачко учење во Европа

Претприемачко учење е повеќе од потреба на секоја нација во светот. Со имање на една таква стратегија и ефикасна и ефективна имплементација на истата се обезбедува долгорочен равој на општеството во кое живееме преку поттикнување на претприемачкиот дух и развој на вистински компетентности потребни за времето во кое живееме, но и за иднината.

Во видеото подолу ќе ја видите презентацијата на Проф. Д-р Радмил Поленаковиќ за тековната состојба со стратегии за претприемачко учење во Европа како дел од работилницата за стратегија за претприемачко учење од 18.04.2013 година во Скопје.

Република Македонија ќе треба да има ваква стратегија до крајот на годинава. Секое ваше размислување, идеја или насока можете да ја споделите преку коментирање на овој наслов со кликнување тука. Добредојдени се секакви идеи или размислувања додека подготовката на стратегијата е во оваа фаза.

За да ги следите сите информации во текот на изработката на стратегијата посетувајте го претприемач на следниов линк или следете ја Facebook страната како заедница за подготовка на стратегијата.

post

[Видео] Д-р Тодор Кралев за претприемништвото и ризикот

Каде се класифицира претприемништвото е прашање кое постојано кружи кај експертите. Дали во економија или организациони науки? Што е со ризикот, дали претприемачот се карактеризира со преземање на ризик, односно дали е коцкар или нешто сосема друго?

На овие прашања Д-р Тодор Кралев дава одговор на работилницата за стратегија за претприемачко учење која се одржа во четврток на 18.04.2013 година.

Погледајте го оваа кратко видео.