Од продажниот тим во голем дел ќе зависи успехот на бизнисот бидејќи едноставно од нив ќе зависи и одговорот на следниве прашања:
По купувачите следува вашиот продажен тим
“Да направам” листа која ќе гарантира успешност
Една „да направам” листа претставува ливче со цртички за се онаа што треба да направите. Забележувате дека велам „што треба” да направите, а не велам „што сакате” да направите. Како прво тука лежи и основната разлика на листите кои водат кон успешност и поголема продуктивност и листите кои само доведуваат до поголем притисок и дефокусираност.
Треба и сакам се сосема различни концепти. Се онаа што треба да направите претставуваат активности кои се суштествени за вашиот бизнис, тоа се активности кои додаваат вредност за вашиот бизнис, но и учествуваат во креирање на вредноста што вашиот бизнис ја испорачува за вашите купувачи. Од друга страна, се онаа што сакате да направите не мора да значи дека е суштествено за вашиот бизнис, може да биде суштествено но утре или по една недела или по една година итн. Но, може да биде и несуштествено, неприоритетно, неважно…
Како да препознаете лош бизнис партнер
Да се започне нов бизнис повеќе не претставува исклучиво проблем поврзан со расположивост на парични средства. Барем не овде во Индија. Овде речиси стана дневен кафе муабет како еден довчерашен студент лансира ИТ стартап којшто наскоро доби финансиска инекција од крупни инвестициони фондови или бизнис ангели како на пример Sequola Capital или Vulcan Сapital.
Зошто скоро сите имаат погрешно сфаќање на бизнисот
За што ќе стане збор тука? Едноставно за суштината на бизнисот. Не станува збор за маркетинг експертиза, не станува збор за продажни тактики, не станува збор за менаџмент, не станува збор за технички вештини на „бизнисменување”, туку ќе станува збор за еден чадор, една рамка која ќе треба да го промени начинот на кој вие како еден сегашен или иден претприемач ќе го сфаќате бизнисот и неговот функционирање, но и вашата улога во него.
Зошто процеси негативно влијаат на креативноста и продуктивноста
Доколку сте се соочиле со ваква ситуација сигурно знаете колку е тешка и фрустрирачка за вас како еден претприемач или пак менаџер.
Дали бизнис идеја ви е потребна само во стартап фаза?
Зошто е тоа така?
[Презентација] Креирање на претприемачко знаење
Презентација од предавање одржано во амфитеатарот на Машински Факултет пред повеќе од 200 наставници по предметот иновации и претприемништво при промоција на книгата Иновации и Претприемништво.
Меѓународна стратегија како деловна култура на компанијата
Културата на компанијата има значајна улога во извршување на стратегијата. Таа има за цел да:
- Обезбеди ментален и емотивен водич, кој сите менаџери и вработени треба да го следат и да го подржуваат кога ќе се формулира и извршува стратегијата.
- Се потпира на основата, според која луѓето подобро ќе се однесуваат еден спрема друг и тие ќе креираат специфично чувство на идентитет во однос на другите компании.
Културата на компанијата по својата природа може да биде: култура заснована на социјализација и пазарно базирана култура. Првиот вид на култура е долгорочна и се применува детален процес на социјализација, силни и моќни норми и систем на контрола. Вториот вид на култура е таков вид, во кој функциите на компанијата и постапките на менаџерите не се разликуваат од постапките на екстерниот пазар. Нормите или се изгубени или отсуствуваат, процесот на социјализација е ограничен, а системот на контрола е заснован само на извршување и квантитативно мерење.
Компанијата која ја спроведува меѓународна стратегија применувајки го првиот вид култура има предности бидејќи создава долгорочно обврзување на вработените и чувство на меѓународна контрола, кои функционираат во услови на реципрочна меѓузависност. Меѓународните компании кои го применуваат вториот вид на култура, ги водат менаџерите кон создавање на вистински маркетинг концепт, кој е применлив во различни регионални услови.
Иако постојат разлики во сфаќањето дека културата станува похомогенизирана, а глобализацијата на пазарите зазема се поважно место во денешните напредни технологии, во транспортот и комуникацијата, сепак континуирано се случуваат мултикултурни бизнис грашки, кои стануват стварност во меѓународниот бизнис. Тоа значи дека формулирањето на глобалната мултинационална стратегија на претпоставката на културна хомогеност надвор од географските граници, може да биде несоодветна.
Остварувањето на успех во меѓународните активности, во голема мерка зависи од прилагодувањето на стратегијата на компанијата на барањата, кои се истакнуваат од културата на земјата домаќин.
Културата е важна при определување на судбината на нациите.
Културата е колективен феномен, а културните разлики можат да се претстават врз база на анализа на претходните фактори. При тоа заклучуваме дека националната култура потешко се менува, додека културата во рамките на компанијата побрзо се менува, но секако дека постојат и тука проблеми и отпори. Заедничката култура на работење може да се негува и одржува преку посетување на заеднички семинари, предавања, учество во истите проекти и слично, со што се формира еднообразност во однесувањето. Иста култура во однесувањето се добива и доколку раководните луѓе завршиле исти факултети, па со учење на истите предмети им е развиена сличност во однесувањето во знаењето и другите параметри, кои овозможуваат остварување на слични резултати во работењето. Најтипичен пример е еднообразното однесување на вработените во рестораните на McDonalds низ целиот свет.
Блогирање за бизнис – Е-книга
Се повеќе луѓе од светот на бизнисот сфаќаат дека доколку не се видливи во онлајн светот, воопшто нема да постојат за нивните потрошувачи. Веб сајт спакуван со маркетиншки јазик кој е нешто за малку повеќе од вашата брошура не е доволен. Се бара едукација, се бара информација, се бара препорака, едноставно се бара содржина која ќе се преплетува како „пајакова мрежа“ низ интернетот. (Повеќе детали за оваа пајакова мрежа можете да прочитате во Промени во маркетингот.)
Повеќепати на претприемач имавме содржина која се однесува на оваа маркетинг средство. Доколку сте пропуштиле можете да ги прочитате следниве наслови за блог како маркетинг средство:
- Бизнис блог во 10 чекори
- 5 Слоеви за успешен бизнис блог
- Кревање на врева со бизнис блог
- 10 причини да имате WordPress блог за вашиот бизнис
Но, да се вратиме на целта на овој пост, а тоа е новата е-книга за блогирање на бизнис.
Е-книга – Блогирање за бизнис
По неколку месеци работа (добро, не постојано туку кога ќе успеев да украдам време) успеавме да ја завршиме првата верзија на оваа книга насловена како Блогирање за бизнис.
Велам првична верзија бидејќи истата ќе подлежи на промени не само поради тоа што се однесува на подрачје од бизнисот кое континуирано се менува туку и заради тоа што знам дека има простор за подобрување и секако има простор за уште наслови во самата книга. Затоа секоја добронамерна забелешка е добредојдена и слоборно можете да ни реплицирате со идеи или потреби кои ги имате во однос на блогирање за бизнис.
Како што знаете пред да ја довршиме книгата преку еден од билтените на претприемач побаравме одговор на еден прашалник за теми кои би сакале да се опфатат во книгата. Од одговорите најмногу се бараа темите за стратешко планирање, чек листа за успешен бизнис блог и 50 идеи за блог постови на кои и посветивме повеќе внимание.
Што е опфатено во блогирање за бизнис?
Овој материјал е структуриран преку следнава содржина:
- Вовед
- Што е тоа бизнис блог?
- Зошто блогирање за бизнис?
- Стратешко планирање за имплементација на блогирање за бизнис како дел од вашата маркетинг стратегија.
- Креирање на содржина, видови на содржина, структура на содржина и оптимизација на содржина.
- 50 идеи за блог постови
- Технологија за бизнис блог
- Чек листа која ќе ве води кон успешно блогирање за бизнис.
Најмногу внимание посветивме на сратешко планирање и креирање на содржина. Особено во делот за креирање на содржина можете да прочитате за видови на содржина која ќе се објавува на вашиот бизнис блог, структура на содржината (секој блог пост), процес на креирање на таа структура од идеја до вистински блог пост како и 50 идеи за блог постови за вашиот бизнис блог. Овие 50 идеи се дел од еден сервис во кој како тест период беа и сеуште се вклучени неколку бизниси кои секоја недела добиваат по 5 идеи. Тука од над 100-тината идеи ги ставивме 50-те за кои сметаме дека се едни од најважните.
Но, да не должиме многу. Можете да ја превземете оваа е-книга од 72 страни преку регистрација за неделни билтени. По регистрација веднаш ќе добиете email со линкови од оваа книга како и други бонус материјали како дел од овие билтени на претприемач.