Бизнис план претставува само средство за претворање на вашата визија во конкретен пат за да може да се реализира истата. Тоа значи претворање на сонот преку конкретни бројки и пресметки во конкретни чекори кои ќе треба да ги преземете следните години. Сепак, подготовката е едно, а имплементацијата е нешто сосема друго. Бизнис плановите имаат репутација на нешто што никогаш не е точно. Зошто, никогаш не е точен бизнис планот? « Продолжи »
6 Важни прашања за вашите цели
Целата ваша претприемачка кариера ќе се базира на поставување на цели и работење на нивната реализација. Доколку ги постигнете, тоа ќе значи успех за вас. Поради важноста на вашите цели, станува јасно дека успехот на вашиот бизнис во голем дел ќе се базира на поставување на цели. Доколку ги имате вистинските цели за вашиот бизнис и ги реализирате истите тогаш и вашиот бизнис ќе успее. Но, доколку имате погрешни цели кои лесно ќе ги « Продолжи »
Сигурни сте за вашите цели, но што потоа
Веќе доста имаме зборувано за важноста на поставување на лични и бизнис цели. Но, да се има цел не е гаранција дека ќе успеете во постигнување на вашите цели. Едноставно, вам ви требаат цели, но само како цели нема да ви помогнат да биднете успешен претприемач или да менаџирате вашиот бизнис да стане успешен бизнис. Важно прашање откако веќе ќе ги имате поставено вашите цели за оваа година, или пак следните три години е што треба да « Продолжи »
Предиктивно размислување во претприемништво
Сакам да ја завршам оваа недела со уште едно контрадикторно од традиционалните размислувања за бизнис, претприемништво и иновации. Тука малку ќе навлезам во еден традиционален пристап наречен како предиктивно размислување на што можеби се базира целокупното досегашно промовирање на претприемништвото. Едноставно научени сме да размислуваме дека ако го направиме А чекорот ќе стигнеме до Б, а потоа до В. Ако ја преземеме таа « Продолжи »
Научи па преземи акција… Погрешно!
Да продолжам со моето излагање од претходниот пост насловен како планирање на невозможно да се испланира со уште една погрешна теорија која сме научени да ја применуваме, а која едноставно е неприменлива денес. Научени сме првин да научиме нешто, а потоа да преземеме акција која е поврзана со тоа нешто. Ако сакаме да започнеме бизнис со нова бизнис идеја научени сме добро да ја проучиме идејата, да анализираме и истражуваме, да « Продолжи »
Планирање на нешто невозможно да се испланира
Овие неколку денови активно работам на премиум претприемач 2.0 материјали за првиот модул насловен како лин стартап, но и на нов вебинар. Лин стартап процесот не подразбира подготовка на бизнис план, туку бизнис модел со деветте основни хипотези при што работиме на развивање на истите, подготовка на експерименти за тестирање, тестирање и прилагодување согласно резултатите од тестирање. Модулот ќе излезе многу подолг од планираното, « Продолжи »
Важноста од поставување на вашите цели
Се започнува од вашите цели и уште поважно вашето обврзување за нивно постигнување. Погледајте го следниов инфографик од Education Database Online за поставување и постигнување на вашите цели. « Продолжи »
Време е за целите за следната 2013 година
Секој крај на годината претставува еден вид на нов почеток за претприемачот и бизнисот воопшто. Кога си ја честитаме новата година посакуваме среќа, успех, подобро од минатата година... Но, честитките сами посебе нема да дадат резултати. Резултатите во вид на подобра следна година ќе бидат реалност само доколку уште во старт знаете што сакате да постигнете. Е сега, тоа постигнување е донекаде поврзано со јасно дефинирани цели. Но, « Продолжи »
Денес е вчерашното утре
Сите ќе се сложиме дека насловот е точен. Да, денес е вчерашното утре. Просто. Но, дали доволно го разбираме значењето особено кога станува збор за претприемачите и бизнисот? Денес, вчера, утре… Циклус кој не запира. Она што го правиме денес ќе ја смени утрешноста и на нашиот живот и на нашиот бизнис. Како ќе ја смени, ќе зависи од она што сме го правеле вчера, што правиме денес... Една алка од синџирот доколку попушти, функцијата на « Продолжи »
Премногу нереални цели е полошо од немање на цели воопшто
Понекогаш навистина претеруваме. Дали, поради недоволно самопознавање или пак поради нешто друго сепак знаеме да претераме. Знаеме да си поставиме цели кои не се реални, кои се премногу на број и кои никако не можеме да ги реализираме. Во една таква состојба едноставно може да се случи да почнеме премногу работи, а ниедна од нив да не биде завршена до крај. Премногу нереални цели е полошо отколку да немаме воопшто цели. « Продолжи »
Добивате бесплатен пристап премиум претприемач 2.0 и е-книги маркетинг план и блогирање за бизнис и уште многу други изненадувања...






