post

Вашите купувачи иако се проблематични, без нив не се може

Како еден бизнис, можете да ги имате најдобрите производи и услуги, да ги дизајнирате и комбинирате најдобрите процеси, но сепак да не успеете. Зошто? Затоа што немате купувачи.

купувачи за вашиот бизнис

Некако се чини дека постојаната трка со конкуренцијата, фокусот на производите и процесите како да ги заборава газдите, директорите, односно најглавните во еден бизнис. Да, купувачите претставуваат најкорисна личност за вашиот бизнис и време е да ги третирате како такви.

Продолжи…

post

Вашите некупувачи и неколку можни тактики во однос на нив

Зошто некупувачи? Истото тоа прашање вообичаено ми го поставуваат и клиентите, но кога ќе завршиме со процесот на нивното вклучување во нивните идни бизнис планови и кога ќе ги почувствуваат бенефитите веднаш има станува јасно.

купувачи и некупувачи

Како што знаете главната тема на претприемач за оваа година се иновации и иновативност, па и тука која ќе се обидеме да ги откриеме вашите некупувачи и онаа што можете да го направите во однос на нив на некој начин ќе биде поврзано со иновациите и зголемување на севкупната иновативност на вашиот бизнис воопшто.

Продолжи…

audio

Епизода #26: Што се случува со некупувачите, кои се и што правите во однос на нив?

Да продолжиме со дваесет и шестата епизода на “претприемачки пат” во која станува збор за некупувачите тема која што исто така е поврзана со иновации и подобрување на и раст на вашиот бизнис.

Претприемачки пат

Во оваа епизода на “претприемачки пат” ќе начнам една тема која што често пати се заборава едноставно поради огромниот фокус кој го насочуваме кон купувачите, односно кон целниот пазар во кој се наоѓаат тековните купувачи и потенцијални купувачи. Прашањето е што можеме да добиеме доколку во нашите стратегии и планови за иднината ги вклучиме и некупувачите? Звучи збунувачки, но сепак имам забележано големи постигнувања на бизнисите со едноставно користење на некупувачите во дефинирање на идните стратегии за компанијата.

Продолжи…

post

Прoцес на дисквалификација на купувачи

Клучот за неуспех е вашиот постојан обид да ги задоволите сите. Иако знаеме дека е невозможно сепак нешто од внатрешностa не тера да се притискаме и себеси и нашиот бизнис да правиме нешто невозможно.

диквалификација на купувачи

Кога станува збор за претприемачи и бизниси, најголемата причина за вакво нешто е стравот дека нешто ќе се изгуби или пак нешто ќе се испушти. И едноставно поради тој таков страв започнуваме да се распространуваме на сите страни, да работиме се и сешто, да задоволуваме секого, да се обидуваме да задоволиме секого… И наместо да бидеме некој кој најоптимално и најпродуктивно ќе поентира на нашите најсилни компетенции стануваме просечен како и секој друг.

Продолжи…

post

Што еден купувач очекува од вас и вашиот бизнис?

Прашањето од овој наслов доколку го одговорите на вистинскиот начин во голем дел ќе може да ви биде гарантиран успехот како еден претприемач или пак еден бизнис воопшто.

купувач

Што еден купувач очекува од вас и вашиот бизнис?

Времето во кое вашиот бизнис денес функционира едноставно бара постојано барање на одговори токму на оваа прашање. Иако можеби повеќе пати досега оваа тема беше „начната” на претприемач, сепак тука би сакал да навлеземе малку во некои идеи за одговори на оваа прашање. Но, мора да ви биде јасно дека можете да ги искористите сите овие идеи и да ги тестирате или пак само дел од нив, но можете и да додадете ваши идеи или пак идеи кои не се тука наведени, а доаѓаат директно од вашите купувачи. Значи не се ограничувајте само на онаа што ќе го прочитате тука, бидете флексибилен за прифаќање на идеи од една страна и сосема нефлексибилен во тестирање и имплементација на истите.

Продолжи…

post

Изработка на профил на купувачи

Секој бизнис, без разлика на кој пазар настапува, во која индустрија се наоѓа, во кој вид на бизнис припаѓа имал, има и ќе има потреба од купувачи.

профил на купувачи

Без разлика дали станува збор за профитни или непрофитни комапнии, за социјални бизнис, зелени бизниси или било кој друг вид на бизниси секогаш ќе има потреба од купувачи затоа што секој бизнис постои заради реализација на некоја цел, а во 99,99% на случаи таа цел се преточува во задоволување на тие купувачи, за некого можеби посетители, слушатели, читатели итн. Тука ќе ги нарекуваме сите како купувачи, што ќе значи некој кој е потребен заради преживување на компанијата.

Продолжи…

post

10 изговори од страна на купувачите за да не купат од вас

Кога нешто не сакаме да направиме, секогаш можеме да изнајдеме стотици, па дури и илјадници изговори. И кога купуваме и ни се нафрла упорно здодевен продавач кој едноставно само гледа да ни „натрапи” нешто исто така бараме изговори за да не купиме бидејќи едноставно не сакаме да купиме.

промени чекори

Повторно, нешто што најдов во архивите на старите хард дискови префрлајќи ги од тие стари хард дискови на Time Capsule и повторно документ кој е резултат на работа со еден од моите клиенти уште во 2009 година. Една од моите задачи беше да дојдам до листа на можни приговори кои ќе претставуваат препрека за неговите купувачи да донесат одлука за купување во било која фаза од продажната инка.

Продолжи…

post

Купувачот и неговата себичност

Купувачот е старо новиот газда на вашиот бизнис. Едноставно играте по правилата кои купувачите ќе ви ги наметнат и се што правите во вашиот бизнис правите за да купувачите се чувствуваат подобро.

купувач

Моќта која ја поседуваме како купувачи не е загарантирана само со алатките со кои баратеме денес, туку и цел закон постои за заштита на потрошувачки права. Интересот на мене и мојата сопруга е да не не прави некој да бидеме “идитоти” и да си ги заштитиме 600 денари кои иако не се некоја сума, но комбинирано со обид да ни се наметне идиотизам претставуваат навистина големи.

Продолжи…

audio

Епизода #11: Kако да изградите профил на купувачи

Оваа е единаесета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода со цел да помогнеме во градењето на тој ваш пат, а во оваа епизода ќе зборуваме за креирање на профил на купувачи.

Претприемачки пат

Да се има и да се користи профил на купувачи во секојдневното менаџирање на операциите на вашиот бизнис е повеќе од корисно. Профилот на купувачи обезбедува да ги знаете вашите купувачи, а кога ги знаете многу активности кои ќе ги спроведувате ќе бидат прилагодени согласно тие информации.

Продолжи…

post

Откријте ги тајните желби на вашите купувачи

Секој има различни видови на тајни. И вашите купувачи имаат нивни сопствени тајни. Затоа е важно за вас како еден претприемач да знаете кои се тајните желби на вашите купувачи.

купувачи

Тајна е нешто што едно лице го одржува како непознато за други лица. Доколку имаме двајца кои знаат нешто, тогаш тоа нешто веќе не е тајна. Но, како можете да ги откриете тајните на вашите купувачи кога самите тие нема да ви дозволат да ги дознаете тие тајни?

Продолжи…