post

БИЗНИС ИДЕЈА – ВТОР ЧЕКОР – ПРОБЛЕМ

Во претходниот натпис Бизнис идеја – прв чекор пишувавме за нешто како предчекор за бизнис идеа, а тоа е да имаме знаење за спроведување на таа бизнис идеја, да ни претставува како хоби за да се забавуваме при спроведување и да имаме пасија за таа бизнис идеа. Доколку дојдеме до бизнис идеја која ги задоволува овие 3 критериуми или предуслови можеме да преминеме на вториот чекор, а тоа е да анализираме дали таа бизнис идеја решава некаков проблем. Но, пред да започнеме со вториот чекор да се потсетиме дека бизнис идеите од првиот чекор ги бележиме во книга со бизнис идеи.

За да некој купува нешто од Вашиот бизнис со тоа нешто треба да се задоволи одредена потреба, да се реши некаков проблем што таа личност го има. Инаку зошто некој би купувал нешто? На пример можеме да купиме автомобил поради:

  • Потреба од превозно средство. Доколку е само оваа потреба ќе купиме евтин автомобил кој ќе ја извршува само функцијата на превозно средство.CheckList1
  • Потреба од престиж. Сакаме да имаме нов убав автомобил со кој ќе бидеме забележани од другите и да го користиме како превозно средство. Со оваа потреба задоволуваме 2 проблеми превоз и престиж. Во ваков случај ќе сакаме да купиме автомобил кој е поскап, изгледа убаво и забележително.

Значи кога размислуваме за бизнис и бизнис идеја потребно е да размислиме дали производот и/или услугата што ќе ги нуди тој бизнис ќе задоволи некоја потреба на идни потенцијални потрошувачи и како ќе ја задоволи таа потреба.

Секој бизнис треба да биде креација за задоволување на потреба или решавање на некој проблем на потенцијалните потрошувачи. Доколку нем потреба или проблем ќе нема ни бизнис. Колку потребата или проблемот кои ги решава бизнисот се големи толку и бизнис потенцијалната енергија ќе биде поголема. Колку е поголема желбата или „патењето“ на потенцијалните потрошувачи за да решат некој проблем толку и бизнис потенцијалната енергија ќе биде поголема

Да заклучиме:

  • Мора бизнис идејата да знаеме да ја спроведеме.
  • Мора спроведувањето на бизнис идејата да ни биде забавно како хоби.
  • Мора да имаме пасија за таа бизнис идеја.
  • Бизнис идејата мора да решава проблем на потенцијални потрошувачи.
  • Колку проблемот што се решава со бизнисот е поголем бизнис потенцијалната енергија ќе биде поголема.
  • Колку е поголема желбата или „патењето“ на потенцијалните потрошувачи за решавање на проблемот толку и бизнис потенцијалната енергија ќе биде поголема.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*