post

МАРКЕТИНГ СРЕДСТВА – ПИСМА

Писмата спаѓаат во категорија на стари и добри маркетиншки средства. Можеби изгледа старомодно, но сепак оваа маркетиншко средство за промоција сеуште може да одигра голема улога во привлекување на потенцијални потрошувачи во продажната инка на бизнисот. Ова алатка не се однесува на испраќање на брошура или материјал добиен со масовно печатење туку на лични писма напишани врз основа на познавање на она што го работите пеку лично искажување во однос на читателот.

Letter Еден од недостатоците на личните писма е тоа што тие не се испраќат на голем број на луѓе одеднаш, туку на специјализирана група на луѓе со ист или приближно ист проблем за кој Вие и Вашиот бизнис се нудите да им го решите. Така да, може да испратите на еден или пак група од 2,3,5… потенцијални потрошувачи.

Но, од друга страна предноста на овие писма е токму во тоа што се насочени кон мала таргетирана група на читатели, а тоа големите компании не го прават. Запомнете дека секогаш се обидувате да украдете потрошувачи од големите компании и се што може да помогне во доближување кон тие луѓе мора да го искористите.

Целта на секое маркетиншко средство е да внесете што поголем број на потенцијални потрошувачи во Вашата продажна инка. Предноста на писмата е тоа што тие се лични или барем изгледаат лични бидејќи со помош на Microsoft Word можете да направите чуда.

Но, што треба да содржи едно такво писмо. Прво што треба да се внимава е да се користат лични имиња за да може да му се доближите колку што може повеќе на потенцијалниот потрошувач. Еве некои идеи како би требало да изгледа тоа писмо:

  • Започнете со Драг(а) или Почитуван(а) господине (госпоѓо) и името на лицето
  • Внесете малку пофалби за нив
  • Опишето го проблемот со кој тие се среќаваат
  • Опишете како Вие можете да им го решите проблемот
  • Бидете културни
  • Оставете Ваши податоци за контакт.

Ова се доволно работи за кои можете со сигурност да ги вклучите во писмото, но внимавајте да не бидете предолги. Доволно е од една до две реченици по горенаведените елементи. Никој не сака да чита долги писма.

Второто прашање е како да дојдете до таквите лични податоци како име, адреса, проблеми… На пример, доколку имате агенција за продажба на недвижнини Вашата задача е секојдневно да ги читате огласите и да наоѓате луѓе кои нешто купуваат или продаваат од недвижнини. Со тоа ќе им го дознаете проблемот, а и името и адресата. Постојат неколку начини да доаѓате до такви информации и податоци и можете да ги користите сите одеднаш и континуирано за да постигнете успех со оваа кампања. Еве некои совети (начини) за добивање на тие информации:

  • Забележувајте се што се случува околу Вас, а може да биде поврзано со Вашиот бизнис. На пример, на разни прослави кога се запознавате и разговарате со луѓето собирајте визит картички, разговарајте за можни проблеми итн. Ова е личен контакт за првични информации.
  • Анкети претставуваат добра основа за прибирање на информации (како посебно маркетинг средство ќе ги опфатиме анкетите). Со нив ќе добиете многу информации меѓу кои и името и презиме, како и проблемот кој го има анкетираниот. Анкетите може да бидат онлајн (преку интернет) или пак офлајн на хартија.
  • Преку продажниот тим со прашување на секој со кого стапат во контакт како во продажен објект така и надвор од него.
  • Со читање на списанија, весници и огласи за делот од браншата на Вашиот бизнис.

Но, една работа, немојте да претерувате со писмата на една иста личност. Можете да станете здодевни. Доволно е едно или максимум две писма во рок од 10-15 дена. И за крај уште една можна негативност е што некои луѓе ги нервираат писмата, затоа е важно да излезете во пресрет на нивните проблеми. Ова значи дека не треба да испраќате писма на луѓе кои немаат проблем или пак нивниот проблем Вие и Вашиот бизнис не можете да го решите.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] маркетинг средства во овој серијал ги обработивме писмата кои спаѓаат во категорија на директен маркетинг во […]

Speak Your Mind

*