post

МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ – ПРЕГЛЕД

ManagerialSkills1 Би продолжил со менаџментот како наука и пракса. Во еден од претходните постови (менаџмент и знаење) пишував за тоа како претприемачот олека но сигурно еден ден ќе мора да стане менаџер. Ова се случува уште кога ќе има барем уште еден вработен освен претприемачот. И тогаш всушност ќе започнат да се чувствуваат менаџерските проблеми. Менаџментот не е едноставна задача. Бара знаење и пракса. Затоа и постои хиерархијата и искачувањето по неа. Не постои човек кој веднаш по излегување од училиште или факултет ќе може да дојде до одредена врвна менаџерска позиција.

Во овој напис би се осврнал на трите основни менаџерски вештини како и нивната потреба во однос на пирамидално-хиерархиската позиција. Кога студирав имав предмет основи на менаџментот. Мојот професор Тодор Кралев, кој подоцна ми беше ментор за дипломска и магистерска работа одеше низ училницата и прашуваше кои се тие вештини кои треба да ги поседуваат менаџерите и која вештина е најпотребна за која позиција (прволиниски менџери, средни менаџери и врвни менаџери). Од тогаш ми се врежаа во главата тие основни вештини иако денес читам дека некои автор велат дека има и други вештини.

Што се тоа менаџерски вештини?

Наједноставно кажано вештина претставува знаење да се извршуваат некои активности или задачи. Ова знаење се учи или пак се стекнува со практично изведување на тие ативности. Значи вештината се стекнува со учење и искуство.

Постојат многу дефиниции за вештини кои велат дека тие се еден вид на талент. Талентот претставува лична дарба или вродена вештина на одредена личност. Не може секој да биде уметник. Вообичаено уметниците имаат вроден талент, кој потоа со одредена едукација го развиваат преку усовршување на уметничките вештини.

Значи вештините може да се стекнат со учење, но талентот не може да се научи. Во секој случај талентот и вештините се надоврзуваат еден на друг и создаваат личност која има одредена вештина за нешто.

Кога станува збор за менаџерска вештина тоа се вештини кои се употребуват од страна на менаџерите, а кои овозможуват одржување на ефективност и ефикасност кај луѓето во извршување на работните задачи. Значи менаџерите треба да имаат вештини со ки ќе ги управуваат луѓето и технлогијата со цел да се постигне ефективно и ефикасно исполнување на работните задачи пред вработените и бизнис целите на компанијата.

Три основни менаџерски вештини

Robert Katz идентификува три типа на вештини кои се суштински за успешен менаџмент:

  • Технички вештини
  • Концепциски вештини
  • Човечки вештини

Технички вештини

Како што ни кажува самото име технички вештини се вештини во однос на техниката за изведување на задачите. Значи не мора да значи дека станува збор за вештина за работа на машина како техничка вештина. Техничка вештина може да биде и знаење од продажба. На пример, човек од продажба ќе стане менаџер на продажен тим. Тој има познавање на продажбата од сите аспекти. Тој стекнал искуство од продажбата, се едуцирал за продажбата и има технички вештини од продажба, па така може да стне менаџер на продажен тим.

Техничките вешти ни се најпотребни за најниските нивоа на менаџментот, додека за врвниот менаџмент може да бидат малку или пак воопшто потребни.

Концепциски вештини

Концепциските вештини претставуват способност или знаење на менџерите да размислуваат абстрактно, односно да ја гледаат целината преку анализа и дијагноза на различни состојби и да ја предвидат можната идна состојба на бизнисот во целина. Зошто е потребна оваа вештина? Како прво еден бизнис е составен од повеќе бизнис елементи како што се продажба, финансии, маркетинг, производство… Сите овие бизнис елементи имаат различни цели дури понекогаш и сосема спротивставени, на пример маркетинг и производство. Овие вештини на повисоките менаџери им помагаат да гледаат надвор од поединечните цели на бизнис елементите и да донесат одлука која ќе овозможи исполнување на севкупните бизнис цели.

Концепциските вештини се најпотребни за врвните менаџери, нешто помалку за средните менаџери и најмалку или можеби воопшто за прволиниските менаџери.

Човечки вештини

Човечките вештини претставуваат знаење на менаџерите да работат со луѓето. Најважната рбота на менаџерите е работа со луѓе. Без луѓе нема и менаџемент ни менаџери. Па така со овие вештини се овозможува лидерството на менџерот, мотивирање на вработените, ефикасно и ефективно искористување на човечкиот потенцијал во бизнисот. Ова се едни од најважните вештини за менаџерите.

Човечките вештини се подеднакво потребни на сите нивоа на менаџментот, како на прволинискиот и средниот менџмент така и за врвниот менаџмент.

****

Ова се основните менаџерски вештини кои се навистина потребни за успешен менаџмент. Некои автори претставуваат и други вештини кои во секој случај кога подобро размислам би се вклопиле во овие како основни. Така на пример на едно место прочитав за набљудување како посебна менџерска вештина која допринесува кон зголемување на лидерството. Сепак набљудување може да се стави како дел од човечки вештини каде се споменува мотивирање и лидерство или пак контролирање како една од функциите на менаџментот.

Или пак вештина за донесување на добри одлуки. Оваа вештина може да се подели во концепциските вештини и техничките вештини. Во концепциските заради донесување на одлуки на врвно ниво кои ќе бидат во насока на спроведување на сратегии и тактики како и исполнување на бизнис целите. Во технички ќе бидат заради донесување на добри одлуки кои се од техничка природа.

Значи овие три вештини се потребни за да имаме добар менаџмент. Затоа доколку започнувате со бизнисот подгответе се колку што можете побргу за техничките и човечките вештини. Додека концепциските вештини ќе ви бидат потребни доколку Вашиот бизнис навистина стане успешен и ќе имате голем број на вработени, а секако дека цел вие да изградите успешна бизнис империја пожелно е да се подготвувате и за овие вештини.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Повеќе за менаџерски вештини можете да прочитате во менаџерски вештини. На пример, некои програмери во многу ситуации нема да […]

Speak Your Mind

*