post

Како до Бесплатно Интранет Решение за Малите Бизниси?

Овој напис е напишан од претприемач за EntrepreneurshipInaBox и во целост е претставена македонската верзија на истиот.

Зголемување на продуктивноста на бизнисите е една од најважните работи на претриемачите. Многу често бизнисите функционираат на различни локации како различни градови, земји, а одредени големи бизниси работат и на различни континенти. Внатрешната бизнис комуникација и размена на информации во самиот бизнис помеѓу луѓето е нешто што има големо влијание на бизнис продуктивноста. Брзо донесување на одлуки, брза размена на информации, брза контрола, увид во реализација на активностите од проектот , алокација на проектни задачи… Сите овие активнисти може да бидат имплементирани преку еден систем – интранет.

Дефиницијата за интранет во Wikipedia’s (intranet) е:

приватна мрежа која користи интернет протоколи за безбедна размена на било какви информации во организацијата. Терминот има спротивно значење од интернет – мрежа помеѓу организации додека интранетот е мрежа во организацијата. Понекогаш терминот се користи за приказ на внатрешна веб страна на организацијата, но може да биде поширок дел од ИТ инфраструктура на организацијата.

Во овој напис ќе прикажам еден туториал како да се користи Google’s sites како интранет решение за малите бизниси.

1. Доколку немате Google Account сега е време да креирате еден.

2. Регистрирајте се на Google Sites со Вашиот Google Account.

3. Креирајте страна – Кликнете на копчето Create Sit

4. Пополнете ги податоците на страната и кликнете на копчето Create Site.

Бидејќи сакаме нашата страна да ја користиме како бизнис интранет решение ја избираме опцијата: Only people I specify can view this site (Само луѓето кои јас ќе ги изберам можат да ја гледаат оваа страна). Сега страната за нашата бизнис интранет платформа е креирана и следното што треба да избереме е што сакаме да има како опции на нашиот интранет. Да кажеме дека ги сакаме следните опции за нашиот интранет:

  • Блог со последни бизнис информации.
  • Место каде ќе се складираат документите.
  • Проектни активности и реализација на истите.

Постојат повеќе можности за користење на Google’s sites како интранет решение за бизнисите, но јас ги избрав овие три за целите на овој туториал.

5. Креирање на страна за Блог со последни бизнис информации

Првин кликнете на копчето Create Page:

и внесете го името (Name) на страната и изберете ја опцијата Announcements бидејќи ние сакаме да креираме блог со последни информации. Кликнете на копчето Create Page откако ќе ги пополните информациите.

Сега имаме нова страна именувана како Blog with Latest Business Information (Блог со последни бизнис информации) која се појавува во левата странична лента. Кога сакаме да додадеме некои бизнис информации треба да кликнеме на копчето New Post за да креираме нов напис со последни информации.

6. Креирање на место за размена на документи

Повторно одиме со креирање на нова страна како во претходниот случај и ја избираме опцијата File Cabinet наместо Announcement.

Сегата на левата странична лента имаме срана именувана како Files и со едноставно кликнување на копчето Add File, ќе можеме да закачиме рзлични фајлови во вид на документи. (Напомена: Бесплатната верзија има простор од 100МB па затоа не е пожелно ова да се користи за видео материјали или големи слики.)

7. Креирање на страна со Проектни активности и реализација

Исто како и во првиот и вториот случај започнуваме со креирање на страна кликнувајќи на копчето Create Page и ја избираме опцијата List.

Кога ќе кликнеме на Create Page следниот прозорец ќе изгледа слично како на сликата подолу:

Тука имаме неколку опции како темплејти и една опција за креирање на наша сопствена листа. Ќе ја изберам опцијата Issue List која ќе ги бележи отворените активности на проектот. Откако ќе кликнеме на копчето Use this template на левата странична лента ќе имаме страна именувана како Projects (Проекти) која ќе ја користиме за следење на реализацијата на проектните активности. Кликнете на Customize the list и ќе се појави следниот прозорец:

Со оваа опција ќе можеме да ги прилагодуваме податоците кои ќе сакаме да бидат вклучени во нашиот проект.

8. Детали за пристап

Сега кога го внесовме сето она што сакаме да го има нашиот бизнис интранет време е да ги избереме луѓето кои ќе имаат пристап. Сите кои ќе имаат пристап мора да имаат Google account. Вообичаено ова се вработените. Одете на десното мени и кликнете на More Actions и изберете Share This Site.

Преку следниот прозорец можете да ги поканите луѓето од Вашиот бизнис да имаат пристап како сопственици, соработници или само прегледувачи.

Тоа е се народе! Сега имате интранет за Вашиот бизнис.

Препорака: Обидувајте се со различни опции имате можност и да го интегрирате Google Documents со оваа интранет решение.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Оваа алатка претставува еден вид на алатка за едноставна подготовка на веб презентација за Вашиот бизнис. Но, јас повеќе ја користам во вид на интранет решение заради квалитетна комуникација со сите со кои соработувам на одреден проект. Повеќе детали за користење на Google Site како интранет бизнис решение можете да прочитате во Како до бесплатно интранет решение за малите бизниси? […]

Speak Your Mind

*