post

Маркетинг За Бизнис На Нискофреквентна Локација

Многу бизниси се наоѓаат на локација која претставува нискофреквентна локација, односно локација на која нема доволен сообраќај. Ова особено ги погаѓа малите бизниси и тоа малите бизниси од малопродажниот сектор.

Оваа видео е презентација на еден реален случај за еден ваков проблем и можните решенија за истиот кои во вид на коментари на написот за Маркетинг Средства – Вашиот Продажен Тим.

Презентацијата можете да ја погледнете на следново видео:

Што е она што може да се сублимира од оваа виде:

  • Дефинирајте ги Вашите купувачи. Во овој случај мајки на деца.
  • Размислете каде се наоѓаат Вашите потенцијални купувачи. Во овој случај игротеки, згради, градинки, паркови, фризерници…
  • Направете Вашиот бизнис да биде присутен таму. Во овој случај флаери – летоци, брошури, визит карти, попустни картички
  • Мерете ги резултатите од сите тие маркетинг средства кои ќе ги спроведете и со кои ќе бидете присутен на тие локации. Користете маркетинг календар. Можете да прочитате за маркетинг календар во Маркетинг средство 13 – Маркетинг календар.
  • Специфицирајте како да ве најдат. Направета мапа доколку користите традиционален визуелен маркетинг.
  • Подобрувај. Се она што не чини менувај и се она што чини подобри го.

Доколку имате било која друга идеја слободно можете да ја споделите во вид на коментар, преку формата за коментирање под написот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*