post

Што Еден Претприемач Може да Научи за Маркетинг од Владата?

Навистина сум изненаден од маркетинг советниците на нашата Влада. Одлични маркетинг стратегии и тактики.

Маркетинг лекции од Владата

Бизнисите, и особено малите бизниси навистина можат да научат многу работи. Како еден меѓу првите написи на претприемач пишував за маркетинг стратегијата на Барак Обама која му овозможи успех на последните претседателските избори во САД. Сега сакам да ги извлечам поспецифичните маркетинг активности кои нашата Влада ги применува, а кои се применливи и за Вас како претприемачи и за Вашите мали бизниси.

Онака како што се наведени подолу каде што спомнувам бизниси или пак претприемачи може да се употреби и политчки партии и Влада.

1. Маркетинг, маркетинг и само маркетинг.

Успехот се состои во квалитетен маркетинг на бизнисот. Не е важно да правите нешто добро што само Вие и Вашите најблиски ќе го знаете. Или пак не ви е потребен бизнис кој никој нема да го знае. Видливоста на Вашиот бизнис, препознатливоста на Вашиот бизнис и ставовите на луѓето за Вашиот бизнис ги градите со помош на маркетингот.

2. Бидете добри кон медиумите, за тие со добро да ви вратат.

Медиумите имаат голема моќ за влијание врз целата заедница, која всушност претставува Ваш потенцијален пазар. Доколку сте добри кон нив, односно најдете заеднички интерес ќе имате одличен потенцијал за бесплатна промоција на Вашиот бизнис и бесплатно распространување на информација за Вашиот бренд, бизнис или пак производ и услуга.

3. Бидете присутни секаде каде што се Вашите потенцијални потрошувачи.

Отсекогаш оваа правило било важно како за бизнисите така и за политичките партии. Каде се потенцијалните потрошувачи (гласачи)? Вложете напори Вашиот бизнис да биде присутен секаде каде што се потенцијалните потрошувачи.

4. Секогаш возвраќајте го ударот на негативните напади од конкуренцијата.

Очекувајте дека е нормално да бидете нападнати од Вашата конкуренција, без разлика дали станува збор за Вашиот бренд, производ или пак услуга. Не останувајте неми на овие напади, бранете се и возвратете го ударот. Но, умно и интелигентно, не простачки.

5. Ако почувствувате опасност, напаѓајте.

Нападот е најдобра одбрана. Оваа стратегија не е нова, туку постоела отсекогаш. Доколку навистина почувствувате некаква опасност за Вас како претприемач или пак за Вашиот бизнис, не се мислете, напаѓајте веднаш.

Една квалитетна тема за овие стратегии ќе ја опфатиме набргу на претприемач во темата за теорија на игри.

6. Секогаш имајте дополнителен АС во ракавот за било што.

Не е лошо да бидете однапред спремни за секоја можна ситуација за Вас како претприемач и за Вашиот бизнис. Едноставно за да го спроведете ова ќе Ви биде потребно наједноставното правило од информатиката – IF – THEN правило (Ако – Тогаш правило). Ако некој направи тогаш јас ќе го направам ова.

7. Користење на социјални медиуми.

Моќта на социјалните медиуми не треба да се испушти од страна на претприемачите како една маркетинг стратегија. На Facebook е присутна секоја политичка партија па и функционерите на истата. Да, не зборуваме за најгледаните видео материјали на YouTube (нормално повторно политички).

Вие како претприемач морате да се вклучите во социјалните медиуми, нормално со вистинската стратегија за Вас и за Вашиот бизнис.

8. Распространување на порака која што што потенцијалните потрошувачи сакаат да ја слушнат.

Секогаш вашата маркетинг порака треба да биде она што потенцијалниот потрошувач сака да го слушне. Веќе пишував за прикажување на корисноста наместо карактеристиките, корисноста е нешто што потенцијалниот потрошувач сака да го слушне.

Но, има уште нешто, размислете да користите емоционални реченици како на пример, нашиот производ ќе ви помогне да не изгубите 1000 денари наместо ќе заштедите 1000 денари.

Сето ова е дел од еден сосема нов пристап во маркетингот кој сеуште се крчка низ научните лаборатории низ светот и кој се повеќе се обидува да го разбере мозокот на потенцијалниот потрошувач. Кој дел од мозокот како функционира?

***

Ова се осум лекции кои што сметам дека се најважни, иако можеби постојат уште многу и доколку сметате дека нешто изоставив слободно споделете го преку коментар подолу.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*