Би сакал да групирам неколку цитати на различни луѓе кои можат да го мотивираат претприемачот за превземање на некоја акција или пак за проширување на знаењето со погледи на некои успешни луѓе. Ова ќе биде еден нов серијал на претприемач кој ќе се занимава со различни цитати од кои ќе се обидеме да извлечеме неколку заклучоци или пак препораки за претприемачите.

Ќе започнеме со цитати за бизнис идеи. Па да тргнеме.
Цитати за бизнис идеи
Во Microsoft навистина постојат многу брилијантни идеи кои доаѓаат од врвот. Се плашам дека тоа не е добро – Bill Gates.
Доколку имате идеи, го имате најголемиот имот кој што ви е потребен, и за вас нема да постојат граници за тоа што можете да направите со Вашиот бизнис или пак Вашиот живот. Идеите се најголемиот капитал на било кој човек – Harvey S. Firestone.
Научив да ги респектирам идеите без разлика од каде тие доаѓаат. Честопати тие доаѓаат од клиентите. Сметководителите често пати имаат креативни идеи, без разлика што некои други мислат спротивно – Leo Burnett.
Не постои замена за знаењето. До денешен ден, читам три весници дневно. Невозможно е да се читаат на хартија, без да бидат изложени на идеи. А идеите .. повеќе од парите .. се вистинска валута за успехот – Eli Broad.
Не постои добра идеја што не може да се подобри – Michael Eisner.
Се чувствувам дека сум во можност да им служам на моите клиенти знаејќи што е тоа што тие го сакаат. Еден од начините за да сум во можност да го направам тоа е преку мојата веб страна и e-mail: луѓето ми даваат големи идеи, ми кажуваат што сакаат и што не сакаат. Тие се вистинскиот инструмент кој ми помага да останам во контакт со луѓето – Kathy Ireland.
За да ги претворите навистина интересните идеи и технологии во млада компанија која може да продолжи да иновира со години, ќе бара многу дисциплини – Steve Jobs.
Истражете ја вашата идеја. Видете, дали има потреба за неа. Многу луѓе имаат големи идеи, но не знаат дали има потреба за таа идеја. Исто така, ќе треба да ја истражите и вашата конкуренција – Magic Johnson.
Човекот може да умре, државите може да се зголемуваат и пропаѓаат, но идејата останува да живее – John F. Kennedy.
Мојата работа е да слушам идеи, можеби и да зготвам неколку од мојата глава, и да донесам одлука врз основа на она што е добро за акционерите и за компанијата – Philip Knight.
Не мора да имате компанија со 100 лица за да ја развиете идејата – Larry Page.
Главен стимулатор на креативното размислување се фокусирани прашања. Постои нешто во врска со добро формулирано прашање што често навлегува во суштината на материјата и ги поттикнува новите идеи и воочувања – Brian Tracy.
Вие постојано сте опкружени со едноставни, очигледни решенија кои можат драстично да го зголемат вашиот приход, моќ, влијание и успех. Проблемот е, што Вие не ги гледате – Jay Abraham.
Човечкиот мозок е неверојатно нешто. Можност за разбирање неверојатно комплексни и сложени концепти. Сепак, на моменти не може да го препознае очигледното и простото – Jay Abraham.
Повеќето директори, научници, и речиси сите дипломирани во бизнис училишта веруваат дека ако ги анализираат податоците, ќе дојдат до нови идеи. За жал, ова верување е тотално погрешно. Умот може само да го види она за што е подготвен да го види – Edward de Bono.
Неколку заклучоци и препораки
- Идеите се најголемиот капитал на Вашиот бизнис.
- Дозволете слободен тек на идеите на сите нивоа од хиерархиско пирамидалната структура.
- Бидете отворени идеите да доаѓаат и од надвор од границите на Вашиот бизнис.
- Идеите ставајте ги на хартија, иако можеби нема веднаш да ги примените за да не ги заборавите. За ова ќе ви помогне темплејтот за книга со бизнис идеи.
- И бизнис идеите како и се друго во бизнисот може да се подобрува.
- Комуницирајте со Вашите потрошувачи за да ги проширувате идеите за Вашиот бизнис. Само тие ќе можат да Ви дадат навистина квалитетни идеи кои веднаш може да се применат во бизнисот. Поставувајте им прашања чии одговори ќе претставуваат нови бизнис идеи.
- За да една бизнис идеја биде добра, ќе мора да постои потреба на пазарот за истата. Бизнис идеја ја оценува пазарот, а не Вие како претприемач, затоа првин истражете го пазарот за секоја бизнис идеја.
- Бидете фокусирани на она што се случува во околината. Понекогаш најдобрите бизнис идеи или пак бизнис решенија се веднаш до Вас, но Вие едноставно не ги гледате. Следете ги случувањата и поставете си прашање, Зошто и Како. На ваков начин ќе успеете да ја воочите разликата и во она што е очигледно и јасно, а кое обичните претприемачи не го гледаат.
- Бизнис идејата е креација на Вашиот ум, ум на еден претприемач, а не на било што друго. Се друго е алатка која Ви помага да ја креирате идејата.




[…] на претприемач. Веќе имавте можност да прочитате за цитати за бизнис идеи. Сега ќе продолжиме со бизнис […]