post

Како да постигнете се што ќе посакате во 2010?

Вчера во раните утрински часови бев учесник на еден вебинар за постигнувања во 2010. Вебинарот беше извонреден и траеше околу два и пол часа.

Како да ги постигнете целите за 2010?

Би сакал накратко да ги презентирам главните заклучоци или препораки од вебинарот за постигнувања во 2010 за да можете да постигнете се што ќе поставите како цел за Вас и за Вашиот бизнис во 2010.

1. Започни со претходната година

Затворете ја претходната година со една анализа на се она што сте го постигнале и се онашто не сте го постигнале. Што е тоа што сте го направиле добро, а што е она што не сте го направиле добро. И секогаш поставете прашање зошто.

2. Погледнете во иднината

Предвидете што ќе се случува во иднината? Какви ќе бидат трендовите? Кои ќе бидат Вашите цели оваа година? Одговорете на овие прашања како би направиле подобра слика за она што ќе се случува во оваа нова година.

3. Поставете ги целите за оваа година

Кога ги поставувате целите не мислете само на бизнис цели туку и Ваши лични цели кои сакате да ги постигнете во новата година. Внимавајте да не се прецените во однос на Вашите можности за постигнување на тие цели. Анализирајте ги целите во однос на важноста и итноста на истите.

4. Воспоставете систем за постигнување на целите

Ова едноставно претставува трансформација на годишните цели во месечни потребни постигнувања, кои пак се трансформираат во неделни цели, за на крај да се трансформираат во дневни активности. Овие дневни задачи треба да имаат приоритет во Вашиот календар на дневни активности.

5. Менаџирајте го сопственото време

Ова се едноставно активности кои ќе воведат квалитетен систем за менаџирање на вашето секојдневно време кое ќе го трошите на исполнување на целите поставени за оваа година. Користете календар во кој ќе бидат внесени сите дневни активности согласно приоритетот на истите. Завршете ги првин оние најприоритетните. Поделете го денот на рутински задачи и вистински проекти. Рутинските задачи нека бидат последни.

6. Проектен менаџмент

Едноставна препорака кога станува збор за проектен менаџмент е да се насочите на завршување на еден проект пред да почнете со друг. Ова се однесува на внатрешни проекти во Вашиот бизнис. Доколку започнете неколку проекти одеднаш ќе го одложите завршувањето на сите започнати проекти што нема да биде корисно за Вас како претприемач и Вашиот бизнис.

7. Самодисциплина

Имајте самодисциплина за спроведување на сите дневни активности како што се наведени во Вашиот календар со дневни активности. Поставете време кога една активност треба да биде завршена а кога треба да започне друга. Вклучете ги и Вашите лувства во процесот, како и сите ментални поттикнувачи што ќе ве поттикнуваат постојано на завршување на задачите. Зошто го работите тоа што го работите? Дали да обезбедите подобар живот за Вашите деца и Вашето семејство? Што е она што ве турка напред во целиот процес.

Објавете конкретен датум за завршување на некој проект. Нека биде јавен датумот и нека бидат известени потенцијалните клиенти за тој датум и што мое да очекуваат тогаш. Ова е еден начин кој ќе ве натера да се насочите кон целосно завршување на тој проект.

8. Помалку инпут за повеќе резултати

Балансирајте како со најмалку напор да постигнете поголеми резултати. Искористете го 80/20 правило за оваа цел. 20% од Вашите активности ќе донесат 80% на резултати се останато е рутина која не е продуктивна и не дава резултати. Ова може да се чини како нешто неостварливо, но со вистинско фокусирање кон прво вистинските работи сметам дека е реално.

Следете ги препораките и до крајот на месецот имајте сопствен календар за секојдневни активности кои ќе доведат до исполнување на поставените цели. Доколку некој ден остварите помалку од онаа предвиденото нека следи веднаш прашањето ЗОШТО како би вклучиле и елемент на сомоподобрување на целиот процес.

Се надевам дека на еден ваков пооргнизиран начин ќе успеете да исполните се што сте зацртале за оваа година.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*