post

SEO – Оптимизација за пребарувачи – анализа

SEO - Оптимизација за пребарувачи - Анализа

SEO - Оптимизација за пребарувачи - Анализа

Има многу пишувано, нагаѓано и образложувано за SEO – оптимизација за пребарувачи во однос на тоа кои се поважни фактори, кои се помалку важни и што има поголемо или помало влијание. Доколку сте го прочитале серијалот за SEO на претприемач, сигурно сте забележале дека веќе извесен период вршам анализи и истражувања во однос на оваа проблематика. Досега вообичаено анализите се однесуваа преку реална веб страна и аналитиката која покажува различни однесувања и резултати при мои различни активности на таа веб страна.

Но, пред една недела започнав со проширување на мојата SEO лабораторија со анализа на податоци од други веб страни. Започнав со собирање на дополнителни податоци и дополнителни анализи од досегашните при што мерам, анализирам и споредувам различни влијанија на позицијата на пребарувачите. Така, ова ќе претставува прв пост во кој ќе ги споделам првичните сознанија од едната од 10-те дополнителни анализи.

Опис на SEO анализата

Анализата се состои од избор на 20 збора и резултатите за првите 10 веб страни на Google. Што значи дека се анализирани 200 веб страни, со сите нивни SEO фактори и влијание на тие фактори на позиција на пребарувачите.

Во моментов постојано ја проширувам базата на податоци со цел да се добијат поквалитетни резултати.

Факторите кои ги анализирам во однос на позицијата на пребарувачите се следниве:

  1. Google Page Rank – Рангирањето од страна на Google во однос на авторитетот на веб страната
  2. Дојдовни линкови – Колку дојдовни линкови има соодветната веб страна
  3. Зборови – Колку зборови има соодветната веб страна која излегува на резултатите по пребарување.
  4. Повторувања – Колку пати тој збор се повторува во текстот на страната.
  5. Густина – Колкав е процентот на појавување на тој збор.
  6. Наслов – Колку пати е содржан зборот во насловот.
  7. Линк – Колку хиперлинкови има на тој збор во текстот.
  8. Alt – Колку пати во Alt делот се користи зборот (Alt служи за давање на опис на сликата).
  9. Клучни зборови – Колку пати е содржан зборот во клучните зборови.
  10. Опис – Колку пати е содржн зборот во описот.
  11. Болд – Колку пати е болдиран зборот низ текстот.
  12. H1 – Колку пати е содржан зборот во H1 tags.

Врз основа на сите овие податоци анализата се состои од спроведување на корелациона анализа со Пирсонов коефициент на корелација со што го споредувам различното влијание на секој од факторите со позицијата на страната на резултатите на Google.

Резултати од оваа SEO анализа

Глобално од резултатите се забележува релативна слаба корелација на факторите со самата позиција на пребарувачите. Но, сепак резултатите претставуваат една основа и приказ за тоа што пребарувачите го ценат при прикажување на резултати по барање на одреден збор. На сликата е прикажан само дел од анализата кој се однесува на овој пост иако анализата е спроведена и на меѓусебното влијание на еден фактор со друг.

SEO - Оптимизација за пребарувачи - Фактори

SEO - Оптимизација за пребарувачи - Фактори

Од овие резултати прикажани на сликата може да се заклучи следново:

  • Најголемо влијание врз позицијата на страната на резултатите на пребарувачите имаат насловот на веб страната и описот на веб страната.
  • Најмало влијание врз позицијата на страната на резултатите на пребарувачите има делот клучни зборови. Затоа можете да бидете добро рангиран за некој збор иако не сте го поставиле тој збор во клучни зборови.
  • Карактеристично е што PR на веб страната исто така не е премногу импресивно за резултатите. Затоа можете да забележите веб страни со послаб PR да излегуваат на повисока позиција на страната на резултатите.

Овие сознанија би ги издвоил како покарактеристични, иако анализата и истражувањата продолжуваат со зголемување на базата на податоци.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Aleksandar Atanasov says

    Прво да кажам одлична анализа, секогаш е добро да имаш потпора преку тестирања. Резултатите до некаде не изненадуваат и се поклопуваат со моите основни SEO познавања, освен тоа за page rank кое го сметав за многу важно. Продолжете со квалитетни постови

    Поздрав

Trackbacks

  1. […] Понеделник, 26.07.2010 – SEO – Оптимизација за пребарувачи – анализа […]

  2. […] За SEO или оптимизација за пребарувачи пишував во еден серијал од повеќе постови кој можете да го прочитате во насловот SEO – Оптимизација за пребарувачи. Пред едно 2 месеци објавив некои резултати од една континуирана моја анализа на влијанието на повеќе фактори врз позицијата на која се појавува еден веб сајт на резултатите на Google. Таа анализа е претставена во SEO – Оптимизација за пребарувачи – Анализа. […]

Speak Your Mind

*