post

Претприемач: Претходна недела од 2-ри август и идна од 9-ти август 2010

Претприемач - Претходна и идна недела

Претприемач - Претходна и идна недела

Неделата која што измина на претприемач повеќе беше насочена околу маркетингот. Пишувавме за две маркетинг средства – блог и веб банери. Презентиравме една алатка за откривање на потреби на потрошувачи и навлеговме во еден концепт наречен како животни циклуси на производите. Освен маркетингот опфативме и еден пост од човечки ресурси во однос на концептот на плаќање по постигнување.

Следува сублимирање на претходната недела и распоредот за идната недела.

Понеделник, 02.08.2010 – Претприемничко блогирање во период на годишен одмор

Блогот како маркетинг средство е се позначајно маркетинг средство за малите бизниси и претприемачите. Но, време е за годишни одмори. Малите бизниси најголем проблем кој го имаат во однос на ова маркетинг средство претставуваат ресурсите. Но, и со недостаток на човечки ресурси и со недостаток на време може ефикасно и ефективно да се заврши домашната задача за Вашиот бизнис блог.

Понеделник, 02.08.2010 – Неделни информации

Како поважни информации за малите бизниси од претходна недела ги издвоивме информациите за штрајкот на превозници на гориво во Грција, обединување на железници во регионов, достапност на лични податоци на македонските граѓани надвор од границите и еден полнач за сите мобилни телефони.

Вторник, 03.08.2010 – Веб Банери – Маркетинг средство 64

Веб банери претставуваат маркетинг средство кое е доста популарно како во светот така и кај нас. Бидејќи не сум некој преголем љубител на банери, размислував да не биде дел од овој серијал на претприемач, но популарноста и користењето сепак ме натера да биде составен дел од овој серијал. Во постот можете да прочитате за тоа што претставува веб банер, како да го користите и неколку критични чекори за имплементација.

Среда, 04.08.2010 – Потреби на потрошувачи преку WeShop

Многу вредна информација за еден претприемач е да го знае искуството на тие потрошувачи со неговиот бизнис. Тешко е да се очекува дека некој ќе дојде и ќе Ви каже не ми се допаѓа тоа, тоа и тоа, промени го за да продолжиме бизнис. Поверојатно е незадоволниот да се сврти кон други можности (конкуренцијата). Во постот е презентирана една интересна мрежа на потрошувачи.

Четврток, 05.08.2010 – Плаќање по постигнување

Во овој пост е претставен еден мој обид да најдам одредена корелација помеѓу успешноста на бизнисот и начинот на поттикнување на вработените! Три години поминаа откако воведов еден ваков систем каде основа на плаќање е постигнатото, а не часови или денови работа. Ќе прочитате за некои мои откритија во анализа на овој феномен кај малите бизниси.

Петок, 06.08.2010 – Животен циклус на производи

Животен циклус на производите претставува концепт кој особена популарност доживува во 1960-тите години. Немора да значи дека овој концепт се ограничува само на производи, туку сосема е применлив и за услугите и за оној најнов вид на производи електронски производи. Во постот ќе можете да прочитате за седумте фази во еден животен циклус на производите.

Идна недела на претприемач

  • Неделни информации
  • Разлика помеѓу бесплатни и платежни хостинг пакети
  • Вирозен маркетинг – Маркетинг средство 65
  • Работно време – 8, 10 или 12 часа
  • Развој на производ и/или услуга – Фаза 1 од Животниот циклус на производите
  • Организациски промени – Значајност и дефинирање
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*