post

Како да се преживее во слаба економија и конкурентен пазар?

Преживување

Преживување

Да се преживее е првата цел на која секој претприемач се концентрира особено во слаби економии како нашата. Конкуренцијата секогаш ќе биде присутна. Иако може некои бизниси да функционираат на пазари без конкуренција, невозможно е дакажеме дека ќе остане така и во иднина. Времето без конкуренција и времето кога ќе пристигне конкуренцијата е на многу ниско ниво и сеуште ќе се намалува.

Диференцијација, користење нови стратегии и понуда на вредност за потрошувачите е нешто што ќе обезбеди преживување во слаба економија и конкурентен пазар. Кој ќе преживее? Само најдобрите и највредните од перспектива на потрошувачите.

Во продолжение е листата од 30 препораки за претприемачи на малите бизниси за зголемување на можноста на преживување во едни такви услови.

  1. Биди уникатен.
  2. Биди позитивен.
  3. Биди искрен.
  4. Продолжи да испорачуваш вредност за потрошувачите.
  5. Испорачај се што ќеветиш.
  6. Учи од промашувањата.
  7. Грешките се вашиот најдобар извор на учење.
  8. Зголеми ги очекувањата и работи на нивно остварување.
  9. Размислувај стратешки.
  10. Идентификувај го твојот целен пазар.
  11. Фокусирај се на тој целен пазар.
  12. Прилагоди се на промените на целниот пазар.
  13. Запрашајте се: Кои се Вашите потрошувачи?
  14. Мотивирајте се себеси и Вашите вработени.
  15. Постојано подобрувај го секој бизнис процес.
  16. Документирај го секое подобрување на процесите.
  17. Користи Up-sale со вистински производи или услуги.
  18. Провери го трошењето во бизнисот.
  19. Размисли за трошоците, но не заборавај на зголемување на продажбата!
  20. Немој да ги кратиш трошоците за маркетинг!
  21. Скрати ги сите непотребни трошоци.
  22. Обиди се да го намалиш времете на наплата од страна на купувачите!
  23. Обиди се да го зголемиш времето на плаќање на твоите обврски!
  24. Секоја недела разгледај го графикот на движење на готовинскиот тек!
  25. Секој месец погледни во графиконот на рентабилноста!
  26. Никогаш не конкурирај со големите компании врз база на нивните најконкурентни елементи.
  27. Никогаш не запирај со наоѓање на нови можности.
  28. Искористи ги тие нови можности кога ќе ги пронајдеш.
  29. Разгледај ги залихите и оптимизирај ги.
  30. Максимизирај го искористување на препораките!
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. Tweets that mention Преживување во слаба економија и конкурентен пазар — Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by darko buldioski, Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Како да се преживее во слаба економија и конкурентен пазар? http://ow.ly/18MyJi […]

Speak Your Mind

*