Како Evernote ме потсети да завршам нешто

Evernote како потсетник

Evernote како потсетник

Многу активности и задачи кои треба да се завршат и доаѓаат во умот на претприемачот се наменети за поблиска или подалечна иднина.

Понекогаш, можеме да прочитаме нешто корисно што предизвикува идеи за нешто да направиме во нашиот бизнис, но не е приоритетно за да се стави во категорија „веднаш“.

Дали сте се нашле во ситуација кога ќе имате некоја идеја за да направите нешто, и ја маркирате за подоцна, а потоа едноставно заборавате и тоа е тоа? Тука завршува „животот“ на таа идеја.

Пред извесен период (поточно пред повеќе од 6 месеци) налетав на еден пост на интернетот кој се однесуваше на причини и како да ги префрлите email сметките од хостинг провајдерот на Google Apps Standard Edition кој овозможува до 50 email акаунти, секој до 7,5 гигабајти простор. Ова е стандардна едиција која е бесплатна, додека со бизнис едиција која чини 50$ годишно се добиваат дополнителни елементи.

Во моментоткога го читав постот ми дојде идеја да се префрлам од стандардниот хостинг акаунт на Google. Затоа го ископирав делот со упатството и го вметнав во Evernote како забелешка која во некоја блиска иднина ќе треба да ја проверам и имплементирам.

Пред една недела започнав со една ревизија на старите забелешки и налетав на истата за која си кажав дека токму сега е време да потрошам еден час и да ги спроведам активностите на трансфер на email акаунтите. Зошто се префрлив и како се префрлив во некој друг пост бидејќи целта на овој не е префрлувањето.

Она што сакам да го потенцирам е дека со помош на една алатка наречена Evernote успеав да завршам нешто што сум го заборавил веќе 6 месеци. За Evernote пишував и во посебен пост насловен како Evernote ја зголемува продуктивноста:

Алатка која навистина може да помогне во зголемување на нашата сопствена продуктивност во однос на нашите идеи или пак случувања кои ни се важни и сакаме да ги запаметиме за да ги користиме во иднината е  Evernote. Оваа алатка е синхронизирана за користење преку вашиот компјутер, мобилен телефон и веб. Значи се што бележите од различни места ќе оди во една и единствена база на податоци за Вашиот акаунт.

Во секој случај доста корисна алатка без која и неможам да замислам нормално да функционирам.

Print Friendly

Сигурно ќе ви се допадне. Ажурирањата на блогот, плус:

  • Е-книга: Блогирање за бизнис
  • 10 Видео материјали за веб презентација на Вашиот бизнис
  • 10 Бизнис темплејти за Вашиот бизнис, и
  • По една претприемничка тема месечно во наредни 8 месеци

Слични теми

  • Нема слични теми
За Драган Шутевски

Dragan Sutevski е бизнис консултант кој им помага на малите бизниси да го проектираат нивниот сопствен пат кон успешноста.
Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. [...] This post was mentioned on Twitter by Aleksandar Atanasov, Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Како Evernote ме потсети да завршам нешто – Многу активности и задачи кои треба да се завршат и до… http://ow.ly/1bdlQg [...]

  2. [...] претходниот пост пишував како Evernote ме потсети да се префрлам целосно на Google Mail наместо на [...]

Искажи се доколку имаш нешто

*