post

Креативна деструкција и креативна имитација

Овој пост е реобјавување на претходниот пост на артиклите на претприемач и претставува еден вовед во еден серијал на постови за меѓународно претприемништво на претприемач (резултат на повеќегодишна научно-истражувачка работа), кои ќе претставуваат еден сосема нов поглед на реалноста и светот во кој живееме денес.

Креативна деструкција и имитација

Креативна деструкција и имитација

Во претприемничката пракса се користат повеќе стратегии. Повеќето стратегии се водат од ситуацискиот пристап и од начинот на практицирање на претприемништвото на претприемачот. Да видиме две слични но во суштина различни стратегии кои може да се користат од претприемачите.

Зборот претприемач entrepreneur потекнува од францускиот збор entreprendre, што значи да се направи (преземе) нешто.

Во прво време овој збор асоцирал на негативни луѓе и на нивните матни активности.

Претприемништвото како поим е познат уште во XII век и до XVII век се однесува на државен службеник кој се ангажира за изградба на патишта, мостови, воени објекти и др.

Во науката зборот претприемништво се спомнува за прв пат во XVIII век, во делото на економистот Richard Cantillon Природата на трговијата. Тој смета дека претприемачот превзема ризик купувајки стока по позната цена, а продавaјки ја по непознатата.

Еден од позначајни автори на претприемаштвото е и Joseph Alois Schumpeter кој смета дека претприемачот е динамична сила која го нарушува економското “status quo” со своето иноваторско однесување. Тој сметал дека претприемачот не мора да биде независен бизнисмен. За ризикот вели дека го сноси сопственикот, а не претприемачот. Прави разлика помеѓу претприемачот и менаџерот и смета дека креативната деструкција е основна задача на претприемачот.

Тука во суштина имаме контрадикторен термин. Се работи за два спротивставени термини со кои се опишуваат задачите на претприемачот. Од една страна имеме креативност (создавање), а од друга страна имаме деструкција (разорување). Па тука се поставува прашањето како да се спојат овие термини, бидејки она што е креативно не би требало да бидне и деструктивно?

Кога ќе отпочне со формирање на фирма претприемач почнува да креира. Значи тој креира нова фирма, нови работни места, нов начин на работење, ствара нови вредности, услуги, профит… Меѓутоа во работењето можаат да настанат потешкотии од различни причини и бизнисот да не успее. Можеби е изберена лоша локација, лош производ, нема доволно финансиски средства, лош маркетинг, лош менаџмент…

Тогаш претприемачот мора да дејствува деструктивно. Да го затвори тој бизнис, да ги согледа слабостите и да превземе чекори за да отпочне друг бизнис. Во секое опкружување може да се види дека еден ист претприемач отворил едно по друго повеќе различни бизниси се додека не се стабилизира по прашање на финансиите и профитот, и се додека бизнисот не профункционира на пазарна основа.

Овој термин креативна деструкција не се врзува само за работењето на еден претприемач. Туку се надоврзува и за работење на сите претприемачи, бидејки претприемништвото овозможува создавање на поквалитетни услови на живеење во едно општеството, создава нови работни места, создава нови услуги, создава подобра конкурентност во светските рамки на едно стопанство.

Значи доколку еден претприемач отворил еден малопродажен објект, и поради личните недостатоци тој бизнис не успее, друг претприемач кој ги согледал слабостите на првиот претприемач, и може на истата локација да отвори ист или сличен бизнис при што би ги отстранил недостатоците кои ги имал во работењето првиот претприемач. И тој бизнис успешно би продолжил со работата. Така да на првата стратегија ,,креативна деструкција,, се надоврзува стратегијата ,,креативна имитација,, која е промовирана од страна Peter Drucker. Креативни имитатори создаваат нешто ново, имитирајќи ги другите претприемачи во исправни одлуки, а менувајки ги грешките кои ги направиле претходните претприемачи и така за себе создаваат профитабилен бизнис.

Претприемачот носи одлуки. Тоа е една од карактеристиките на претприемачите. И креативна деструкција и креативна имитација претставуваа одлуки или стратегии. Согледајте ги Вашите тековни состојби, на Вашите конкуренти и изберете вистинкса стратегија. Ова е циклус кој не престанува. Токму заради тоа претприемништвото е двигател на развојот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] пренесени од западната литература. Акцент се става на креативната деструкција, барањето на пазарни можности, користење на идеи, брза […]

Speak Your Mind

*