post

10 совети за преговарање

Преговарање во бизнис

Преговарање во бизнис

Вчера навлеговме во една тема која досега не беше опфатена на претприемач, а тоа е преговарање кое е неизбежен дел од секој бизнис. Денес ќе продолжиме со истата тема и ќе опфтиме неколку совети кои ќе ви помогнат за поефикасно спроведување н процесот на преговарање.

Па, да започнеме!

Првин треба да започнете со подготовка за преговарање пред да започне процесот на преговарање. Колку подобро сте подготвени, толку шансите за успех од преговорите ќе бидат поголеми.

1. Постави јасни цели на преговарање.

Што сакате да постигнете со преговарањето? Дали е тоа поголема цена? Дали е тоа поголема количинска продажба? Дали е тоа пониска цена од добавувачот? Напишете ги сите цели кои треба да се постигнат во процесот на преговарање. Целите ќе ви помогнат за определување на сите понатамошни елементи од процесот.

2. Определи ги границите до кои можеш да одиш во попуштање.

Мора да постојат граници до каде можете да одите, а повеќе од тоа не можете да прифатите. Добро е уште во фаза на подготовки да бидете сигурни за тие граници како целиот процес не би се одвивал во погрешна насока.

3. Добро проучи ја страната со која ќе преговараш

Обиди се да дојдеш до олку што можеш информации за другата страна. Дознај ги неговите силни и слаби страни. Подготви се со соодветен одговор за силните страни и обиди се да поентираш на слабите страни. Посебно внимание посветете на тоа дали страната со која ќе преговрате има овластување да донесе одлука. Доколку нема обидете се да не влегувате во процесот се додека од другата страна не седне некој со овластувања.

4. Стави се во положбата на другата страна.

Што другата страна очекува од преговорите? Какви се нивните граници? Доколку на еден ваков начин влезете во мозокот на другата страна едноставно ќе можете да ги погледнете работите од поинаков агол. Во една таква ситуација обидете се да пронајдете некои елементи кои можеби се премногу важни за таа страна, а за вас да не претставуваат некој голем проблем и на таков начин во самиот процес да се откажете од истите и би го превзеле првиот чекор за постигнување на компромис.

5. Осигурајте се дека во првата верзија на понуда е опфатено се што сакате.

Подгответе ја првата верзија на понуда која ќе биде предмет на преговарање. Таа е основа околу која ќе се поставуваат различни прашања, ќе се даваат различни одговори и ќе се прилагодуваат различни делови. Доколку нешто не побарате сигурно е дека нема да го добиете. Затоа бидете сигурни дека се што сакате е ставено во првата верзија на понуда, а потоа ќе преговарате, „пеглате“ и договарате.

6. Осигурајте се дека првичната верзија на понудата не е премногу радикална.

Иако претходниот совет е да опфтите се што сакате, сепак внимавајте да не претерате бидејќи претерувањето може да доведе до откажување на преговорите.

Сега сте подготвени да влезете во процесот на преговарање.

7. Покажете волја за преговарање.

Безусловно доставување на понуда за прифаќање не претставува преговарање. Иако, вашата цел е да се прифатипрвичната верзија на понуда сепак во многу ситуации тоа е невозможно. Затоа покажете и на другата страна дека сте спремни за преговарање и наоѓање на омпромис како би нашле заеднички прифатливо решение.

8. Слушајте внимателно.

Знам дека имате премногу за кажување. Но, и другата страна сигурно има за што да зборува. Додека зборува другата страна внимателно следете ја, не чекајте само една пауза за вие да започнете со зборување. Запишувајте се што е важно од зборувањето на другата страна. На ваков начин уште повеќе ќе го зголемите сопственото знаење за  другта страна. Најдобрите преговарачи се и најдобри слушатели.

9. Побарјте мислење за клучните елементи на понудата.

Секогаш инсистирајте другата страна уште на почетокот да даде мислење за клучните елементи на понудата. На ваков начин ќе дојдете до посакувани информации за можните елементи околу кои ќе се одвива преговарањето. Ова може да ја поттикне другата страна да каже нешто што можете да го искористите во ваша полза.

10. Следете и проценувајте.

Внимателно следете го однесувањето на другата страна кога вие зборувате. Ова може да се однесува на движење на телото, реакции, поглед… Ова се непроценливи информации кои можт да ви помогнат во вистинската проценка на спротивната страна.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] започнавме минатата недела со преговарање како и 10 совети за бизнис преговарање. Денеска би сакал да опфатам нешто за начини на […]

Speak Your Mind

*