post

Генерација X и генерација Y

Генерација X и генерација Y

Генерација X и генерација Y

Демографијата, социјалните науки и маркетингот користат термини како генерација X или Y во сопствените истражувања. На бизнисите големо влијание имаат генерациите кои се потрошувачи на тие бизниси. Различни генерации имаат различни пари за трошење и различно се однеусваат во дадени ситуации. Децата не можете да очекувате дека во секој момент ќе имаат пари со нив за купување на компјутери. Пензионерите гледаат да заштедат за да го проживеат месецот и се добри за бизниси со храна и аптеките. Секоја генерација различно се однесува во поглед на купувањето и донесување на одлука за купување. Тука ќе разгледаме две генерации во поглед на тоа кои се тие генерации (возраста) и некои карактеристики на однесување и спремноста за трошење на нивните пари за некои производи и/или услуги кои токму вие ги користите.

Индивидуалците кои припаѓаат во Генерација Х се родени и израснати во подоцните години и децениите кои следат при студената војна. Оваа генерација е сведок на крајот на студената војна и падот на Берлинскиот ѕид како една челична завеса која ги делеше луѓето. Тие ја вреднуваат заедницата, односите во заедницата и претприемништвото. При оваа генерација се случи прифаќањето на домашните компјутери, интернетот и видеоигрите. Како некои имиња на генерации кои спаѓаат во Генерација Х може да се сретнат и видео генерација, MTV генерација итн. Појавата на Генерација Х се спротивстави на навиките и однесувањата на претходната генерација.

Генерација Y како термин за првпат се појавува во 1993 и ги опишува тинејџерите родени помеѓу 1974 и 1980 година. Но подоцна опфатот на годините се променил многу пати. Главно прашање кое се поставува од која до која година родените припаѓаат на Генерација Y. Но сепак, не постои прецизна дефиниција за тоа од која до која година на раѓање се нарекуваат луѓе од Генариција Y. Некој вели дека тоа е генерација која е родена помеѓу 1974 и 2001, другите пак од 1976 до 2003 година. Но и во поглед на терминот постојат различни имиња. На пример како генерација Y се појавуваат и термините следна генерација и милениумска генерација кои во поголем дел и даваат поголема независност од Генерација Х. Но не постои единечен термин кој би ја опишал оваа генерација. Онаа што е карактеристично за Генерација Y е дека тие многу повеќе користат технологија во секојдневниот нивен живот. Голем дел од оваа генерација имаат компјутери, користат интернет, поседуваат мобилен телефон, MP3 плеер. Оваа генерација користи Instant Messages, блогира и поседуваат блогови, поголем дел информациите ги добива од интернет, наместо од телевизија, симнуваат филмови и музика од интернет, наместо да одат во продавница повеќе сакаат да купуваат преку интернет, карактеристична е големата присутност на социјалните медиуми како Facebook и Twitter итн. Сето оваа е незамисливо или потешко замисливо за генерација Х.

Но, која е генерација Y во Македонија и на нашите простори. Тоа е генерација која малку или пак воопшто не го почувствувала комунизмот и самоуправниот систем. Забележете само колкава е разликата помеѓу Генерација Х (која живееше во комунистички систем во текот на студена војна каде нашата земја како дел од СФРЈ играше голема улога и се беше ОК за нив) и Генерација Y која има огромна слобода во поглед на однесување, информираност, технологија… Во ова генерација се наоѓаат и луѓе кои први на овие простори немаат сеќавања и носталгија за периодот на социјализмот. Оваа генерација гледа напред и сака да ги искористи предностите што модерното општество и технологијата им овозможуваат. (Но, сепак политичко-економските пречки се неизоставен дел на овие желби.)

Но зошто сето оваа за претприемништвото, за претприемачот и за малите бизниси. Секој бизнис има свој круг на потрошувачи. Некаде тоа е поизразено, а некаде помалку изразено. На пример, аптеките имаат повеќе потрошувачи кои се пензионери, постари лица, кои користат разни лекарства за одржување на животните функции. Дали ваков тип на бизнис како основа ќе го земе онлајн маркетингот за да допре до овие луѓе? Секако не, овие лица дури и не знаат што е тоа интернет. Така овие бизниси ќе изберат потрадиционални маркетинг методи како весници, радио и теевизија. Но, таа иста аптека доколку продава разни препарати за здрава храна, енергија за вежбање, витамински производи итн. онлајн маркетингот е опција бидејќи ова е веќе друг генерација за одреден вид на производи за истиот бизнис. Да земеме еден продавач на мобилни телефони од последна генерација и корисниците на тие телефони се помлади луѓе кои секојдневно висат со часови на интернет за да ги проучуваат тие производи. Овој бизнис логично е во голем дел да се базира на интернет маркетинг кампањи за да допре до тие негови потенцијални потрошувачи кои што се таму.

Оваа е значајно и од друг поглед, парите. Различни генерации имаат различна висина на финансиски средства и примања. Така некои од генерација X можеме да очекуваме дека се на некои менаџерски позиции и имаат поголеми примања во однос на оние од Генерација Y. Но, децата на Генерација Х може да бидат од Генерација Y па и тие да имаат дел од финансиска моќ на нивните родители. Од друга страна и голем дел од генерација Y се работоспособни луѓе кои веќе или постигнуваат или пак ќе постигнат големи деловни успеси.

Ова се основните типови на генерации кои се влијателни на бизнисите и на претприемачите. Пронајдете која е вистинската целна генерација за Вашиот бизнис и насочете се да ја придобиете. Кои се потребите на тие генерации? Како да се доближите до нив? Ова се прашања на кои што Вие како претприемач ќе треба да дадете одговор.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*