post

Совет за еден мал бизнис: Не можеш да ги задоволиш сите

Совет за мал бизнис

Совет за мал бизнис

Овој пост е дел од неделните совети за еден мал бизнис кои од минатата недела започнавме да ги практикуваме на претприемач.

Како сопственик на еден мал бизнис, дали се обидуваш да ги задоволиш сите или пак се обидуваш да задоволиш една ниша на пазарот каде што се чувствуваш најсилен?

Размисли за последниот дел од прашањето: задоволување на ниша каде што ти и твојот бизнис сте најдобри. Ти си најдобар во еден дел од твојот пазар, но ти си просечен во друг дел или пак слаб во третиот дел. Доколку сакаш да имаш успешен бизнис, ќе мора да ги задоволиш потребите кои знаеш како да ги задоволиш подобро од сите останати учесници на пазарот.

Можеме ли навистина да ги задоволиме сите?

Секој пазар има различни видови на потреби, различни проблеми кои бараат решенија, различни видови на потрошувачи, различни навики…  Иако е тој едниот пазар по повеќе карактеристики. Погледнете го цитатот подолу (кој повеќепати е прикажан тука):

Не го знам клучот за успехот, но клучот за неуспех е обид да ги задоволиш сите. ~ Bill Cosby

Многу мали бизниси се обидуваат да опфатат широк спектар на потрошувачи, но по се што ќе направат, многу бргу се наоѓаат себеси во модалитетот наречен промашување.

Кога разговарам со претприемачите, можам да забележам дека логиката зад задоволување секого се наоѓа во тоа да ако задоволат повеќе потреби, или решаваат повеќе различни видови на проблеми нивниот пазар ќе биде поголем а со тоа и веројатноста за поголемо пазарно учество.

За некои бизниси, понекогаш оваа логика е нивната најважна конкурентска предност. Како и да е, малите бизниси се разликуваат особено поради фактот дека имаат ограничени ресурси. Не можеш да дозволиш да ги дисперзираш и така ограничените ресурси, бидејќи секогаш ќе постои веројатност во поголем дел од нишите на кои ќе се нафрлите да изгубите (некаде може и да добиете, но тоа нема да ги покрие губитоците во останатите).

Пред да започнеш со задоволување на секого запрашај се следно:

  • Имаш ли доволно ресурси за да ги задоволиш сите на пазарот?
  • Имаш ли потенцијал за да решаваш повеќе различни проблеми или да задоволиш повеќе различни потреби?
  • Дали твојот бизнис, или пак ти како претприемач имаш доволно знаење за водење на битки на различни пазарни ниши?

Затоа за оваа недела совет за еден мал бизнис е: Не се обидувај да ги задоволиш сите дколку не си сеуште спремен за тоа. Фокусирај се на нишата каде што си најдобар, таргетирај ги твоите потрошувачи и задоволи ги најдобро што можеш и знаеш со најдобрите можни решенија за нивните проблеми. Доколку успееш во ова, ќе забележиш еден неверојатен раст на твојот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*