post

Претприемнички стратегии – Да се биде прв, но истовремено и најдобар

Претприемнички стратегии Стратегија е вештина на војсководителите, вештина за водење војна, вештина за управување, водење на армии во воени походи. Тактиката е начин на спроведување на стратегијата. Постојат неколку претприемнички стратегии, но најдобрите резултати се добиваат кога ќе се искомбинираат неколку стратегии.

Стратегијата да се биде прв но истовремено и најдобар, бил начинот на кој генералот на Конфедерацијата го гледал начинот на добивање на битката, во текот на Американската граѓанска војна.

Во рамките на таква стратегија, претприемачот има за цел да ја освои водечката положба на некој нов пазар или во некоја нова гранка на бизнисот.

Да се биде прв, но истовремено и најдобар, не значи дека мора веднаш да се направи големо претпријатие. Оваа стратегија има за цел освојување на водечката позиција. Да се биде прв и најдобар, претставува стратегија за која многу луѓе сметат дека значи претприемничка стратегија “par excellence”.

Меѓутоа, оваа стратегија не е доминантна стратегија на претприемништвото, ниту таа што носи најмалку ризик или има најмногу успешни резултати. Таа носи најмногу неизвесност, не дозволува правење грешки и не овозможува втора шанса. Меѓутоа, ако се покаже успешна, ова стратегија му носи најмногу резултати на својот творец.

Сите тие примери на стратегијата да се биде прв но и најдобар, како стратегија подразбира поставување пред себе една амбициозна цел; на друг начин таа е осудена на пропаст. Оваа стратегија мора веднаш да ја погоди целта или потполно ќе промаши.

Треба да постои јасна цел и сите напори мора да бидат концентрирани на нејзиното остварување. Кога тие напори ќе почнат да дават резултати, иноваторот мора да ги има спремено ресурсите. Оваа стратегија понатаму, бара и континуирани напори во настојувањето да се задржи водечка позиција, во спротивно тоа би значело само добро подготвен терен за конкуренцијата. Буџетот на компанијата мора да биде поголем отколку пред неговата успешна иновација. Мора да се пронајдат нови корисни вредности за иновацијата, да се индентификуваат нови потрошувачи и да се убедат да ги пробаат новите производи.

Претприемачот кој успеал да биде прв, но истовремено и најдобар, мора својот производ или својот процес сам да го направи надминат и застарен, при што би вовел нов производ или процес, за тоа да не го направи конкуренцијата. Работата на пронаоѓање наследник на успешен производ, мора да почне веднаш и со иста концентрација на напор, која довела до реализација на првобитната иновација. Потоа мора систематски да се смалува цената на производот или процесот.

Стратегијата да се биде прв, но истовремено и најдобар е ризична, па стратегијата креативна имитација се темели на претпоставката дека оваа стратегија почесто ќе биде промашување, отколку успех. Таа ќе промаши поради недостаток на волјаа, поради неадекватни напори, поради недостатокот на ресурси или некој сличен проблем.

Следува:

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*