Кога станува збор за еден бизнис стартап, една од најголемите грешки е кога претприемачкиот фокус е само на производот или услугата кои треба да се развивјат.
Пред неколку дена, еден од моите клиенти дојде кај мене со подготвен производ и сака да му помогнам да изгради стратегија за да одат на пазар. Сепак, тие веќе имаат направен производ, веројатно со месеци, а можеби и години, нивните напори биле интегрирани во производот пред навистина да знаат што во иднина купувачите ќе сакаат.
Производот е важен, тоа е факт. Доколку немате производ, немате ни бизнис. Но, вие не сакате да имате секаков вид на производи. Сакате да имате нешто што купувачите ќе сакаат да го купат. Сакате да имате производ за кој купувачите ќе бидат спремни да ви платат онолку колку што вие ќе сакате. Сакате да имате нешто функционално, со сите бенефиции кои купувачите ќе сакаат да бидат интегрирани во производот или услугата.
Како може да се изгради нешто пред да се достави пред потенцијалните купувачи.
Затоа подготвив еден график во форма на MindMap. Ова е првата драфт-верзија која ќе биде надградена во иднина, но сепак е функционална и може да ви даде идеја за тоа што треба да правите кога се наоѓате во фазата на започнување на бизнис.
Како што можете да видите, ова не е едноставен процес кој може да се претстави во едноставни два или три чекори. Можете да почнете со бизнис идејаta, но мора и да ја тестирате. Идејата во твојот мозок е само драфт-верзија или почетна точка за развој на твојот бизнис.
Одлучувате да започнете бизнис затоа што имате бизнис идеја, но не започнувате да го градите физичкиот производ сеуште. Наместо тоа започнувате со купувачите. Треба да ги анализирате, да разговарате со нив и да ја тестирате својата првична идеја. Резултатите ќе ја прилагодат самата бизнис идеја. Со тие информации, можете да почнете со моделирање на вашиот бизнис. Најважното прашање што бизнис моделот треба да го одговари за вас е, дали бизнисот ќе прави пари. Повторно, бизнис моделот може да ја подобри основната идеја.
Сега, кога знаете што вашите купувачи сакаат, и како вашиот бизнис во иднина ќе прави пари, можете да почнете со подготовка на производот/услугата. Но, повторно, ќе треба да ги користите купувачите, ако сакате да изградите нешто навистина корисно за нив, нешто што ќе ги надмине нивните очекувањата.
Но, и ова не е крај на процесот. Го имате прототипот, повторно ги користите повратните информации од купувачите, и повторно најверојатно ќе треба да ја смените вашата бизнис идеја и вашиот бизнис модел.
Тоа е процес на многу итеративни чекори се додека не се излезе со нешто навистина вредно, но за вашите купувачи, а не за вас како претприемач.




Speak Your Mind