post

Лекции за претприемништво од еден бербер

Седејќи во една берберница едно утро заедно со син ми и чекајќи да дојдеме на ред за потстрижување некако ми налетаа повеќе прашања за тоа како еден ваков бизнис опстојува и која е улогата на претприемачот (во овој случај занаетчијата) во бизнисот.

Прво што ми падна на ум е опремата која што се користи. Секој може да купи чешел и ножички како и апаратче за потстрижување. Но, не секој може да биде бербер.

Секој може да земе дуќан под наем и да ја набави потребната опрема, но не секој може да биде бербер.

Опстојување на ваквиот бизнис се базира на две основни работи:

  • Знаење и вештини на претприемачот
  • Личните познанства на претприемачот.

Без знаење и вештини во занаетот што ги поседува еден бербер нема да може да функционира ваквиот бизнис. Од друга страна без доволно голем круг на пријателства и познанства, како и задоволни клиенти (што зависи од знаењето и вештините на претприемачот) повторно нема да се обезбеди долгорочна функционалност на бизнисот.

Да дојдам до клучното прашање: Кои се суштинските компетенции на еден претприемач. Берберот има знаење, вештини и круг на луѓе.

Доколку се потсетите на главните фактори кои го прават еден претприемач успешен претприемач (ги издвоив 15 најважни преку едно истражување од 2009 година) ќе забележите дека знаењето и вештините се главни фактори за успех.

Пред неколку месеци повтроно ги отворив тие фактори со цел да споредам дали нешто е променето во последниве години. Тие сеуште се актуелни и се она искуствено што го дознав во претходниот период претставува дел од некој од тие 15 фактори. Но доколку би ги ставил на една скала (ние користевме и пирамида при што столбовите, основата на пирамидата како најголема по површина и волумен служи да прикаже дека тие фактори имаат најголем потенцијал во успехот на претприемачот) моите анализи покажуваат дека над 30% во суштинските компетенции влегуваат знаењето и вештините.

Инвестирајте во сопственото знаење и започнете да го применувате заради стекнување на искуство. Тоа се вашите суштински компетенции за успех.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Vladimir says

    Јас само би надополнил дека покрај тоа што го наведе, во многу бизниси (вклучувајќи го и овој) локацијата може да има клучна улога. Многу бизниси пропаѓаат во голема мера и поради несоодветната локација.

    • Sutevski says

      Здраво Владимир,

      Имаш право дека локацијата за таков вид на бизнис може да одигра доста голема улога, но не ја ставив затоа што тој пред 5 години смени локација. 5 години работеше во мојот дуќан под кирија и кога му беше разработено, а јас имав потреба од таа просторија тој стравуваше дека сега ќе загуби луѓе. Но, се случи спротивното. Оние кои доаѓале на претходната локација со правилно информирање за новата си продолжија да одат и таму. Затоа сметам дека ако некој е задоволен од производот (во овој случај услугата) ќе ја најде и вистинската локација.

  2. Vladimir says

    Тоа е логично за разработен бизнис – клиентите кои се лојални ќе дојдат и на нова локација; но лошо избрана локација за бизнис кој се започнува може да биде кобно. Но во секој случај, тоа што си го набројал е сосема точно.

Speak Your Mind

*