post

[Екнига] Маркетинг план

Како што претходно објаснив во постот насловен како нови екниги на претприемач, направив една анкета за сите регистрирани за неделни билтени на претприемач за тоа од која тематика да бидат следните екниги. Резултатите беа со следниов редослед:

  • Прирачник за изработка на маркетинг план – 38%
  • Прирачник за евалуација и избор на бизнис идеи 30%
  • Збирка со дијаграм на тек на повеќе бизнис процеси – 21%
  • Прирачник за користење на Evernote 11%

Денеска веќе првата од најавените 4 е онлајн и испратена на сите регистрирани за добивање на билтени на претприемач (над 1500 сегашни и потенцијални претприемачи).

Во исто време, секој новорегистриран член, веднаш по регистрацијата ги добива сите бонуси како и екнигата Маркетинг план – водич.

Водичот за маркетинг план е базиран на серијалот за изработка на маркетинг план на претприемач, при што се ажурирани одредени елементи од истиот и се додадени дополнителни насоки.

На крајот од оваа екнига има Темплејти/Водич кој служи за да ве води низ целиот процес.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*