post

Извршување на меѓународна стратегија

Успешното извршавање на меѓународната стратегија е врзана за менаџментот, организациската култура и системот на наградување.

Системот на наградување ги дефинира односите помеѓу компанијата и вработените преку конкретизирање на вредностите и нормите кои се бараат од нив.

Наградувањето претставува фундаментална основа за спроведување на меѓународните стратегии. На сликата се прикажани односите помеѓу меѓународната стратегија на компанијата и системот на награди. На вертикалната оска се претставени два вида на стратегии: глобална и мултидомашна, додека хоризонталната оска ги претставува двата системи на наградување: хиерахиски и систем на награди базиран на извршување.

Системи за наградување и глобална стратегија

Компаниите кои припаѓаат во првиот квадрант, се карактеризираат со глобална стратегија и хиерархиски систем на наградување. Овие компании настојуваат да вложат големи средства во модернизацијата на технологијата на производството и да произведуваат и продаваат насекаде во светот. Тие имаат долгогодишни традиции, патерналистичка политика спрема вработените и непосредни односи помеѓу раководителите и подредените и добро дефинирани култури во компанијата.

Компаниите во вториот квадрант спроведуваат глобална стратегија поддржувана од системот на наградување, базиран врз извршување. Иако овие компании многу инвестираат во ресурси и фабрики насекаде во светот, менаџерите често се оценувани и наградувани спрема способноста за извршувањето.

Компаниите во третиот квандрант применуваат комбинација помеѓу мултидомашната стратегија и системот на наградување базиран на извршување. Тоа се компаниите од индустријата за производство на храна, текстил и услуги. Силната конкурентност на компанијата е резултат на други активности, каде маркетингот, рекламирањето и купувањето се важни за остварување на глобалната конкурентска предност.

Компаниите од четвртиот квадрант се претставници на мултидомашната стратегија со хиерархиски систем на наградување.

Поврзувајќи го системот на наградување и глобалните стратегии, можат да се извлечат следниве констатации:

  • Компаниите во првиот и третиот квадрант имаат најдобро можно усогласување помеѓу извршување на глобалната статегија и системот на наградување.
  • Компаниите во вториот квадрант не успеваат да ги поврзат стратегијата и системот на наградување.
  • Компаниите од четвртиот квадрант се компании во транзиција и иако имаат одредени предности во работењето, сепак не можат сите предности да ги искористат.
About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*