post

Поттикнете ја креативноста за 30 минути

Неизоставен дел од секој претприемачки процес претставува креативноста.

Креативност ни треба кога решаваме проблеми. Креативност ни треба кога сакаме да подобриме нешто. Креативност ни треба кога сакаме да го раснеме бизнисот.

А, дали овие активности претставуваат нешто што барем еден момент не се дел од некој претприемач и неговиот бизнис? Не, тие се постојано присутни.

И добро, сега кога знаеме дека постојано решаваме проблеми, постојано подобруваме нешто, постојано размислуваме за раст на бизнисот, или едноставно преживување, знаеме и дека креативноста мора секогаш да биде присутна.

Но, проблемот е што иако тие активности се постојано присутни во бизнисот, сепак тоа не е гаранција дека и креативноста ќе биде заедно со нив. Некогаш едноставно не оди. Некогаш сме креативни кога воопшто не сме на работа или пак воопшто не размислуваме за работни активности. Некогаш едноставно, нашиот мозок се наоѓа во еден вид на “блокада” и безидејност.

А, мораме да бидеме креативни! Како тогаш да го решиме овој проблем?

Подолу е презентиран еден можен процес кој би можеле да го примените.

#1 Повикајте го вашиот тим да дојде кај вас (2 минути)

Некогаш едноставно индивидуализмот кој се наоѓа кај вас не може да ви помогне. Мора да бидете свесни дека имате тим од луѓе кој секогаш ќе може да помогне, бидејќи едноставно понекогаш не ви оди во однос на идеи за можни решенија на различни проблеми.

Кога станува збор за креативноста, мора да го искористите севкупниот потенцијал во вашиот бизнис. Затоа повикајте ги најважните луѓе во вашиот тим за што ќе ви бидат потребни две минути.

#2 На еден лист поставете ги прашањата и побарајте одговори (2 минути)

На секој од повиканите дајте им еден лист хартија и поставете еден проблеми за кои тие ќе треба да предложат решенија.

И овој дел ќе ви одземе само две минути.

#3 Дозволете секој член на тимот да го одговори прашањето (5 минути)

Дајте им 5 минути за да напишат можно решение за поставениот проблем.

Овде не станува збор за детализирања на решението туку едноставно нафрлување на можни идеи за решавање на проблемот, или пак дефинирање на причините за појава на проблемот и можностите за нивно елиминирање.

#4 Секој член од тимот да го размени своето ливче со останатите (15 минути)

Сега едноставно секој член на тимот нека го размени со останатите ливчето при што секој ќе треба да се надоврзе со придонес на предлогот на останатите колеги.

#5 Приберете ги ливчињата (1 минута)

Откако ќе заврши кружењето на листовите со предлози, едноставно ќе треба да ги соберете.

#6 Разгледајте и одлучете (5 минути)

Сега имате доволен број на креативни решенија за проблемот, па можеби и предлози кои се надвор од основниот поставен проблем.

Едноставно во следните 5 минути анализирајте ги сите ливчиња и донесете одлука за решението кое ќе се имплементира.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*