post

20 Работи што можете да ги направите за вашите купувачи

Купувачите се срцето на секој бизнис. Ние може да зборуваме за бизнис план, процеси, системи, процедури, менаџмент… Но, без купувачи сето тоа е непотребно. Затоа што на крајот работата на сите елементи на бизнисот има за цел да придобие, одржи и развива купувачи.

Да се стекнат нови купувачи ниту е лесно, ниту е евтино. Но, да се одржат постоечки купувачи е многу поедноставно, но често пати се заборава. Фокусот на малите бизниси се става на нови купувачи со цел проширување на бизнисот.

Еве некои идеи за тоа што се мжете да направите за вашите купувачи, во процесот на нивно задржување во добри релации со вашиот бизнис.

  1. Решете го секој нивен проблем поврзан или неповрзан со вас.
  2. Задоволете ги нивните потреби.
  3. Рзговарајте со нив за се и сешто, дури и надвор од подрачјето на вашиот бизнис.
  4. Прашајте ги за здравјето.
  5. Прашајте ги за нивното семејство.
  6. Поделете им искрена насмевка.
  7. Заблагодарете им се дури и да мислите дека не треба.
  8. Бидете пријатели со нив.
  9. Помогнете им дури и ако не ја побарале вашата помош.
  10. Испорачајте се што сте им ветиле дека ќе испорачате.
  11. А, обидете се да испорачате дури и повеќе од ветеното.
  12. Обезбедете и тие да бидат дел од тимот за идниот развој на вашите производи или услуги.
  13. Направете ги да бидат најважната личност за вас и вашиот бизнис.
  14. Вклучете ги како неизоставен дел во градење на вашиот бизнис.
  15. Вклучете ги во напорите за подобрување на вашите производи или услуги.
  16. Вклучете ги во напорите за подобрување на вашиот бизнис.
  17. Помогнете им во користењето на вашите производи или услуги.
  18. Помогнете им во добивање на максимумот при користење на вашите произвди или услуги.
  19. Испратете им корисни подароци.
  20. Покажете им дека не сте ги заборавиле дури и кога не купувале извесен период од вашиот бизнис.

Сепа оваа листа не е конечна, туку служи само како идеја. Слободно искористете ја вашата креативност направете ја во 30, 40 или пак овеќе работи што можете да ги направите за вашите купувачи.

И не заборавајте да ја применувате во работата.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*