post

6 Совети за задржување на купувачите

Целта на секој претприемач во секојдневната работа е да стекнува, одржува и го зголемува бројот на купувачите во неговиот бизнис.

Иако, се чеини лесно, сепак не е така. Успехот во овој процес на стекнување, одржување и зголемување на купувачите ќе биде трансфериран во успех на целиот бизнис. Затоа што поголем број на купувачи, значи поголем приход и поголема профитабилност за бизнисот.

Подолу се дадени 6 совети кои ќе ви помогнат во задржување, односно одржување на тековните купувачи за вашиот бизнис.

1. Новите се важни, но не и поважни од тековните купувачи

Доколку веќе имате купувачи, тие ќе бидат вашиот најважен ресурс. Ова не значи дека не треба да стекнувате нови, но сепак значи дека треба да се фокусирате и на нив.

Тие веќе ви дале доверба. Купиле од вашиот бизнис. Сега многу е полесно и поевтино да го повторат купувањето.

Затоа не заборавајте и тековните купувачи да бидат дел од вашиот фокус.

2. Вашата задача како претприемач да стекнете купувачи, да ги одржите и растете

Основната задача на вас како претприемач, но и на целиот ваш бизнис тим е постојано да работите на стекнување, одржување и растење на купувачите.

Не смеете да го заборавите одржувањето. Кога веќе длабоко во вашите бизнис системи ќе бидат всадени овие активности, успехот е неминовен.

3. Користете различни иницијативи за повторно враќање на купувачите

Како да ги задржите или одржите тековните купувачи? Едноставно имплементирајте систем за креирање на разни иницијативи за повторно враќање и за повторни нарачки на вашите купувачи.

4. Секогаш добро запознајте ги вашите купувачи

За да можете да успеете во нивното задржување и одржување во продажната инка, мора доволно добро да ги познавате вашите тековни купувачи.

Што купуваат? За што имаат потреба? Што вреднуваат? Што не сакаат? Колку многу сакаат нешто?

Сите овие прашања ќе ви помогнат во дизајнирање на ефикасна и ефективна стратегија за задржување на вашите купувачи.

5. Биди близу нив секаде

Обидете се да обезбедите дека секогаш ќе се наоѓате во нивна близина кога ќе им затреба нешто што вие и вашиот бизнис го нудите.

Никогаш не знаете кога некој друг ќе влета во системот место вас.

6. Користи разни видови промотивни тактики

И секако, промоција. Основниот поттикнувач на крвотокот низ кој поминуваат вашите купувачи во вашиот бизнис.

Не штедете на промотивни активности кои ќе бидат фокусирани за задржување на вашите тековни купувачи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*