post

Сите бонуси на нова локација

Како што веќе знаете, оваа година е година на крупни промени на премиум претприемач, а со тоа и промени на претприемач.

Досега поделивме повеќе екниги, некои (оние првите) веќе не се достапни затоа што не се прилагодени за времето во кое живееме туку за време од пред 4 години. Така и овие постоечките кои што ги обезбедуваме бесплатно за вас: екнига за бизнис план, екнига за маркетинг план, екнига блогирање за бизнис, алатки за изработка на бизнис план, бизнис план темплејт, калкулатор за анализа на готовински тек, како и 10 бизнис темплејти (во моментов се ажурираат да бидат во текот со 2013 година, бидејќи се креирани во 2009-2010) се предмет на постојано ажурирање и подобрување.

Последното ажурирање беше на екнигата за подготовка на бизнис план.

Промените кои први го обвија овој процес се меѓу првите промени кои следуваат, а тоа е што од сега овие материјали наместо да ги добивате на вашиот email ќе ги добивате преку пристап на премиум претприемач 2.0. Посебна секција бонуси е отворена каде што се сместени бонусите за премиум членови, но и за Free Silver членови на премиум претприемач.

Сите овие материјали се сместени во секцијата бонуси на премиум претприемач. Очекувајте дека тоа ќе биде место каде постојано ќе има нови материјали за сите кои планираат или веќе имат претприемачка кариера.

Бонуси на премиум претприемач

Но освен, пристап до бонусите, со премиум претприемач 2.0 одлучивме да обезбедиме и бесплатен пристап до новите модули од оваа година. Новите модули се 13, но најверојатно со последните прилагодувања на материјалот ќе бидат 15 модули кои ќе бидат објавени оваа година.

Теми на премиум претприемач 2.0

Бесплатниот пристап ќе биде обезбеден до секој модул со по неколку видео сесии.

Значи во премиум претприемач 2.0 имаме модули и секој модул содржи повеќе видео сесии. Првите неколку видео сесии ќе бидат обезбедени бесплатно со Free Silver членство на премиум претприемач, додека останатите видео сесии ќе бидат само за премиум членови. На пример, модулот 1 насловен како лин стартап содржи 10 видео сесии:

  1. Вовед во лин стартап (веќе достапна)
  2. Стартап (веќе достапна)
  3. Бизнис модел (веќе достапна)
  4. Тестирање на хипотези (веќе достапна)
  5. Минимално одржлив производ (оваа недела)
  6. Пивотирање (оваа недела)
  7. Развој на купувачи (следна недела)
  8. Откривање на купувачи (следна недела)
  9. Валидација на купувачи (следна недела)
  10. Заклучни согледувања – Што понатаму. (следна недела)

Седмата, осмата и деветата сесија кои се и најдолги и кои влегуваат во најситни детали на процесот како што е дефинирање на сегменти, анализа на тие сегменти, подготовка за тестирања итн. ќе бидат достапни само за премиум членови.

Истото ќе биде и со останатите модули.

Од друга страна, премиум претприемач 1.0 останува дел од премиум претприемач 2.0 бидејќи новите модули ќе претставуваат дополнително продолжување на работата на претприемачот кон подобрување на сите бизнис процеси. Значи, каде застанавме со премиум претприемач 1.0, продолжуваме со премиум претприемач 2.0. За премиум претприемач 1.0 одлучивме да не влегуваат во Free Silver членството. Тие продолжуваат како во досегашната практика, еднаш неделно да се добива пристап на материјалот за таа недела, како би се обезбедила континуирана работа на премиум членови во градењето на нивниот бизнис, чекор по чекор, недела по недела.

регистрацијата започнува на ист начин како и досега како што се регистриравте за билтени на претприемач со пополнување на формата за регистрација најгоре на почетната страна и на почетокот на страничната лента од десната страна кога сте на страна на некој наслов.

Бесплатна регистрација премиум претприемач

Бесплатна регистрација премиум претприемач

Оваа ќе биде една навистина невидена можност за сите вас. Материјалот кој на крајот од оваа година ќе го имаме ќе има вредност од повеќе десетици илјади евра. Тоа е материјал што никаде кај нас не е споменат, не се предава ниту се учи, а обезбедува градење на претприемачи за следните децении.

Уште една одлука која ја донесовме, а може да биде важна и инетерсна за вас е во однос на цената. Одлуката падна да и оваа година остане цената непроменета (6000 денари за пристап од една година) иако вредноста ќе се зголеми повеќекратно. Бидејќи на крајот на оваа година очекуваме целиот материјал од премиум претприемач 2.0 да биде поставен во системот и да бидат додадени уште 10-тина бонуд материјали кои претставуваат изненадување, а на кои работиме сметаме дека почетокот на следната година ќе биде одличен моментум за зголемување на цената.

Од друга страна, досега имавме повеќе промоции за поширока публика со намалена цена кои веќе нема да постојат. Промоциите ќе се одвиваат само за регистрирани Free Silver членови и тоа еднократно и ограничено. Со завршување на тие промоции завршува и можноста од пристапување со намалена цена.

По завршување на првата година од членство можете да се откажете и да не бидете веќе членови на премиум претприемач или пак доколку сакате да продолжите да имате пристап до постоечки и нови материјали цената е 50% од цената која сте ја платиле првпат. Но, тоа се е регулирано од наша страна и од самиот систем преку кој е дефинирано членството и пристапот.

Сега за сега толку, повеќе детали во некоја друга прилика.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Del od mojata biznis ideja objaviv na internet i ja dobiv slednata ponuda. Imam ponuda od zainteresiran kupuvac da prigotvam domasen ajvar i domasna lutenica. Seto toa e za izvoz vo druga drzava. Zainteresiraniot bara 100.000 tegli lutenica i 100.000 tegli domasen ajvar. Pakuvanjeto treba da bide vo pakuvanje vo amfora tegli od 500 grama.

Speak Your Mind

*