post

Вашиот производ како прво треба да изгради доверба

Не дека вашиот производ нема вредност за купувачите. Но, вашите купувачи се запрашуваат како вашиот производ или услуга може да им го подобри животот.

Доколку вашиот производ не изгради доверба во очите на купувачите, тие ќе се двоумат во донесување на одлука за купување на соодветниот производ или услуга.

Па, кои видови на активности можете да ги примените заради докажување на вредноста на вашите производи или услуги? Што треба да направите за да изградите доверба во очите на купувачите?

Во премиум претприемач 1.0 (кој е дел и од 2.0) цели два модули посветивме на оваа проблематика. Во првиот модул насловен како креирање на супериорна вредност со помош на повеќе алатки и процесот низ кој ве водиме креирате јасна слика за вашата супериорност. Алатките кои ги користиме во овој процес се следниве:

  • Алатка за подготовка на елементи на супериорност
  • Алатка за анализа на супериорноста во споредба со конкуренција
  • Алатка за анализа на супериорноста на вашиот бизнис
  • Акционен план за градење на супериорна вредност
  • Форма за пресметка на повраток на инвестиција на купувачот
  • Форма за изработка на јасен систем за тоа како вашата понуда креира вредност за купувачот

Но, успехот во градење на супериорност не ни дава за право да бидеме 100% сигурни дека и купувачуте ќе го знаат тоа. Затоа во со модулот привлекување на внимание од премиум претприемач 2.0 работиме на начини да го привлечеме вниманието на купувачите. Алатките кои ги користиме во процесот и кои се достапни за премиум членови на премиум претприемач 2.0 се следниве:

  • Форма за креирање на 4 јадра на вашиот кредибилитет
  • Форма за план за привлекување на внимание
  • Форма за анализа на конкуренција
  • Форма за анализа на онаа што прави конкуренција
  • Форма за анализа на онаа што прават лидерите во индустријата и пазарот

Тука би сакал да навлеземе подлабоко во мозокот на купувачите и да извлечеме една листа 9 основни активности кои можете да ги користите во докажување на вредноста на вашиот производ, што пак од друга страна ќе ви помогне во градењето на доверба.

  1. Обезбедете вашиот производ да решава вистински проблеми и да задоволѕва вистински потреби на купувачите.
  2. Обезбедте да производите веќе се користат од некои ваши купувачи.
  3. Обезбедете искуството на тековните купувачи биде навистина исклучително.
  4. Морате да се осигурате дека вредноста од вашите производи и услуги ја надминува цената која вашите купувачи ќе ви ја платат.
  5. Мора да обезбедите следни чекори по завршување на првата продажба.
  6. Мора да бидете сигурни дека имате имплементирано ефикасни и ефективни системи за слушање на купувачите.
  7. Мора да имате интегрирано систем за брзо реакција во однос на нивните барања.
  8. Мора да обезбедите секогаш да имате ефикасна и ефективна комуникација со нив.
  9. Мора да бидете повеќе од обичен продавач на производи или услуги за нив.

Со помош на овие активности, кои во премиум претприемач ги процесираме со помош на горенаведените алатки ќе обезбедите интегрирање на систематски пристап за постојано градење на доверба кон вашите производи или услуги.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*