post

Единствениот претприемачки пат е…

Како изгледа претприемачкиот пат? Кој пат треба да го помине еден претприемач?

Интересни прашања кои звучат едноставни, но сепак неможе да се даде едноставен одговор.

Вобичаено ќе ви го кажат следново:

Претприемачкиот пат претставува откривање на можност за бизнис (бизнис идеја), подготовка на бизнис план, определување на потребни средства и ресурси и реализација на бизнис идејата.

Јас и сите вие би биле пресреќни доколку е тоа така.

Зошто?

Прочитајте го повторно исказот.

Дали еден ваков процес ја содржи компонентата на динамичност во неа? Не.

Дали еден ваков пристап ги опфаќа грешките? Не.

Дали еден ваков пристап ја содржи неизвесноста? Не.

Дали еден ваков пристап ги содржи купувачите? Не.

Па дали може да се користи како одговор на нашите поставени прашања? Не.

Па, зошто тогаш пристап од пред 50 години? Тоа е експертското ниво кое го имаме за претприемништвото. Добро, сепак ние сме млада држава, која самошто започна да инвестира во овие процеси.

Од друга страна процесот е претставен како да има свој почеток и крај, а претприемачкиот процес е континуиран процес кој не завршува. Кога заврши, значи и крај за бизнисот и компанијата кои се резултат на тој процес.

Купувачи

Можеби некој ќе ми каже дека бизнис идејата презентирана како откривање на можност ги содржи купувачите. Сепак, не е така. Купувачите се една од најпроменливите категории и едни со најголемата моќ во креирање на неизвесноста на бизнисот.

Тоа е точно, доколку зборуваме за купувачи од пред 50 години, но не и за денешните. Тоа е точно за купувачи кои се информирале само од еден весник, слушале една радио станица или само една ТВ станица. Тоа се купувачи кои можеле да го купат онаа што им треба (или нешто за што ги натетале да веруваат дека им треба) од само едно и само едно место каде изборот е само за една опција на тоа што им треба. Влегува го зема од полицата, плаќа на каса и си оди дома за да го користи нештото. Едноставно нели?

Денешните купувачи се многу пософистицирани. Со помош на интернет можат лесно да купат производ од продавница илјадници километри одалечена од нив.

Динамичност и неизвеснот

Можеби некој ќе ми каже дека динамичноста и неизвесноста се намалуваат и се се предвидуваат со бизнис планот па затоа и немора да биде дел од процесот.

Повторно, точно за пред 50 години, но не и денес. Денес се менуваат условите на функционирање на еден бизнси во секунди. Тоа не можете да го предвидите со бизнис планот.

Грешки

За да успееме не ни требаат грешки, ќе ми кажат експертите. Но, грешките се неизбежен дел од денешен претприемачки процес. Без грешки нема успех.

А, никој не може да ми докаже со било каква статистика дека и најуспешните претприемачи не правеле грешки.

Претприемачки пат е…

Па, тогаш кој е единствениот претприемачки пат?

Нема да одам во детали, доволна е сликава.

Претприемачки пат

Едно нешто можам да кажам. Никој не може да ви го креира патот. Самите сте креатори на сопствениот претприемачки пат.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*