post

Грешките се неизбежни, тоа е факт

Сите грешиме, тоа е факт. Но, сите ние не ги третираме грешките на ист начин. Некој од грешките учи, некој паѓа во депресија, некој не ги признава, некој едноставно ги игнорира…

Сите тие постапки доведуваат до различни иднини во однос на вашиот бизнис, нормално доколку грешките се однесуваат за бизнисот. А, тука зборувам за бизнис грешки кои ги правите вие како еден претприемач.

Вообичаено кога се проучува претприемништвото се тргнува од идеална ситуација. Иако имам 500 книги од оваа проблематика во кои може да се пронајдат различни примери и искуства, односно case studies, сепак нема ни 0,01% во тие книги опис на неуспеси или грешки.

На пример, ако пишуваат за Apple пишуваат за успесите и примери за добри акции и чекори. Но, Apple имал повеќе неуспеси и грешки на патот за да стане онаа што е денес отколку успеси.

Од друга страна тоа е минато. А, тоа минато освен успешни акции имало и неуспешни акции проткаени со многу грешки.

Затоа и сметам дека не спремаат за идеални, извесни и безгрешни ситуации. А, такво нешто е невозможно.

Неизвесноста како фактор во бизнисот

Мора да бидете свесни дека денес живеете во светот на неизвесноста.

Денес претприемачите едноставено се пренатрупани со неизвесноста:

  • За тоа што ќе функционира за вашиот бизнис а што нема да функционира…
  • За тоа што треба да направите, а што не треба…
  • За тоа кој пат да го изберете, а кој да не го изберете…
  • За тоа што е важно за вашиот бизнис, а што не е важно…

Реалноста е дека не постои сигурност, односно извесност во бизнисот, како и во животот и се останато околу вас.

Грешките се составен дел во еден таков свет

И во еден таков свет грешките се неизбежен дел од вашиот деловен живот, едноставно не можете да ги избегнете што и да направите.

Неизвесноста и грешките кои доаѓаат со таа неизвесност е нешто со што постојано ќе бидете опкружени и мора да научите да се справувате со нив.

Но, онаа што навистина збунува денес е што иако живееме во една ваква реалност, претприемачите упорно се обидуваат да ги избегнуваат грешките со што едноставно го избираат патот кон неуспехот затоа што едноставно стануваат неспособни за соодветни прилагодувања кои се потребни за да го најдат сопствениот пат кон успехот.

На ваков начин доаѓате до два моќни вида на неуспеси:

  • вашиот бизнис пропаѓа и работата завршува,
  • но и до еден уште пострашен неуспех во кој едноставно пливате само така да главата ви е горе за да можете да земете воздух и тоа трае и трае и трае…
Вториот неуспех е многу поопасен од оној првиот затоа што едноставно не го признавате неуспехот што пак ве вовлекува во се поголема катастрофа.

Затоа сфаќањето на неизвесноста и како вие реагирате на грешките кои доаѓаат со таа неизвеснот претставува клучен фактор за вашиот успех. колку побргу бидете свесни дека со секоја грешка сте се поблиску до вистинскиот пат кон успешноста, толку подобро за вас.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*