post

Што претставува успешен бизнис?

Што претставува успешен бизнис? Прашање кое е значајно, но сепак заради неточен одговор предизвикува многу бизниси да пропаѓаат.

Успешен бизнис е оној бизнис кој ќе обезбеди реализација на сите ваши цели и соништа. Бизнис кој ќе ви го обезбеди животот кој што го сакате.

Успешен бизнис значи дека ќе ти овозможи да работите онолку часови колку што сакате и од каде што сакате. Да ги изведувате работите кои што сакате да ги изведувате и да заработите онолку колку што сакате да заработите.

А, за да го постигнете тој успех, ќе мора да ги разберете елементите кои доведуваат до него.

Најголемиот проблем зошто 80% од претприемачите не постигнуваат успех во првите 5 години од започнување, односно пропаѓаат, а оние 19% кои ќе успеат во тие 5 години, односно преживеат стануваат заглавени во бизнисот е што во самото креирање на бизнисот не знаат што е успех.

Можеби знаат што е успех, но сигурно успехот го гледаат како претесно нешто, а не нешто што е малку поопширно за да биде добра основа за вашата успешност.

Успешен бизнис е повеќе од правење на пари

За да биде успешен бизнисот тој мора да гледа во успешноста од многу поширок агол. Успешен бизнис ги има следниве карактеристики:

  • Успешен
  • Одржлив
  • Со потенцијал за раст
  • Може да се продаде

Успех како дел од успешен бизнис

Успешен бизнис значи да може да прави пари, да генерира приход кој ќе обезбеди профитабилност. Често пати и само на овој начин претприемачот го мери успехот што доведува да заглави во безизлезна ситуација.

Но, проблемот со овој вид на успешност како единствена мерка на успех на еден бизнис е што бизнисот може да го постигне успехот, па повторно да падне, повторно да се подигне и се така до бескрај…

Оваа не е доволно за да се дефинира успешноста на вашиот бизнис.

Успех преку одржлив бизнис

Затоа бизнисот треба да биде и одржлив. Одржлив значи дека првиот успех може да се повторува и повторно и повторно и повторно…

Само правење на пари не е доволно за да се гарантира успешен бизнис. Успешен бизнис мора да продолжи да прави пари. Тоа значи дека постојано мора да генерира нови купувачи, да ги одржува постоечките и да генерира приход се повеќе и повеќе…

Успех преку континуиран раст

Откако ќе ги постигнете двата вида на успеси, потребно е да се обезбеди дека бизнисот континуирано ќе расте. Тоа значи да биде стратешки дизајниран за подршка на раст.

Растот не значи само раст на приходи и број на купувачи. Успешен раст значи бизнисот да расте во обемот без притоа пропорционално со растот го зголемувате вашиот напор во него.

Значи треба да овозможи да расте два пти, три пати или 10 пати повеќе без притоа вие да морате да вложите два пати, три пати или 10 пати повеќе напор.

Успех преку можноста да се продаде

И последниот елемент на успешен бизнис е да може да се продаде.

Едноставно, вашиот бизнис претставува производ кој вие го креирате. Успешен бизнис може да се продаде 100 пати повеќе од онаа што сте го вложиле.

Ако некој друг не е спремен да ви плати за да биде негов вашиот бизнис, значи дека сеуште не сте го постигнале успехот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*