post

4 Стапици при учење од тестирање на претпоставки

Прашањето е како да ги тестирате претпоставките? Лесно ќе дојдете до нив, но важно во процесот е тие да бидат тестирани и потврдени или прилагодени ако не се потврдат.

Проблемот е што постојат повеќе стапици кога се наоѓаме во мод на учење преку тестирање на хипотези. Мора да бидете свесни за нив за да ги избегнете, затоа што доколку бидете под нивно влијание процесот нема да ви успее.

Да разгледаме некои почести стапици.

1. Стапица на валидација

Првата стапица е стапица на валидација.

Сите сакаме да бидеме во право, да не грешиме, да бидеме одлични, перфектни… Нели, така не научил системот.

Затоа нашето внимание го насочуваме на работите кои ги докажуваат нашите претпоставки и ги игнорираме работите кои не ни се по ќеф.

Исто како приврзаниците на политичките партии. Сакаат да ги слушаат сите пофалби на нивната политичка партија, но сите критики ги отфрлаат како неосновани или неточни. Едноставно ги игнорираат, сакаат да продолжат со сопствените убедувања и верувања.

Кога ги тестирате хиопотезите, не смеете да тргнете со вакви однесувања.

Мора да бидете свесни дека целта е да ги откриете грешките и да прилагодите ако нешто може да се прилагоди.

2. Инвестициска стапица

Следната стапица е инвестициска стапица.

Оваа стапица се однесува на страв од загуба на нешто.

На пример, размислувате дека сте вложиле доволно време и пари во нешто и сега не смеете да го менувате. Колку повеќе инвестирате во нешто, толку е потешко да се откажете од тоа нешто иако нашиов процес е нешто сосема друго.

3. Арогантност

Следната стапица е арогантноста.

Многу истражувања покажуваат дека индивидуалците сакаат да бидат пресигурни во однос на нивното знаење и способности. Тоа не доведува во ситуација да мислиме дека можеме да контролираме се и сешто. Значи некој настан кој се докажал како погрешен можеме да сметаме дека е добар само затоа што сме пресигурни во нас самите.

4. Преголема свесност

Како што поминува времето и како што се повеќе учиме, добиваме информации и искусуваме разни искуства стануваме премногу свесни за тоа нешто.

На пример, ако некој ве праша од што можете да загинете, авионска несреќа или да ве згази автомобил на улица повеќе одговори ќе бидат авионска несреќа. Затоа што постојано гледате емисии за авионски несреќи, слушате на вести за авионска несреќа без разлика во кој дел од светот се случува. Но, за прегазување на пешак нема толку многу емисии и нема толку многу вести за сите делови од светот иако сигурно се појавуваат.

Во такви ситуации на изградена преголема свесност едноставно можете да погрешите во вистинска интерпретација на информации од тетсирање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*