post

[Инфографик] Топ 10 “вшмукувачи” на вашето време

Постојано работам на подобрување на мојата продуктивност без разлика каде работам и во кој вид на контекст е базирана мојата работа, односно работните задачи. Во последните неколку месеци успеав да ја зголемам мојата продуктивност особено во намалување на времето кое го трошам, а кое не додава голема вредност за онаа што го работам.

Мојата продуктивност од претходната недела е прикажана на следнава слика каде можете да забележите дека мојата продуктивност е повисока од 84% луѓе.

Колку сум попродуктивен

Со имплементација на различни алатки за продуктивност (можеби повеќе од стотина) алатки и процеси дојдов во можност да го намалам времето на процесирање на email од 4 часа неделно на 2 часа неделно, со што на месечно ниво се скратени 10 часа и тоа од само една работа – процесирање на email.

Еве еден одличен инфографик од OfficeTime каде се објаснети 10 најголеми “вшмукувачи” на вашето време и како да се справите со нив.

Стартна позиција на се што може да ви обезбеди зголемување на продуктивноста е да знаете како и зошто го трошите време на специфични активности.

10 Вшмукувачи на вашето време

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*