post

Зошто вашите купувачи го прават онаа што го прават?

Зошто вашите купувачи го избираат вашиот производ наместо на конкуренцијата?

Зошто го користат вашиот производ онака како што го користат?

Зошто купувачите ви го плаќаат токму тој износ на пари за вашите производи или услуги наместо некој друг?

Зошто вашите купувачи зборуваат со вас?

Зошто вашите купувачи го имаат токму тој проблем или потреба?

Огромен број на прашања доаѓаат до вашиот мозок од оваа едно едноставно прашање од насловот на овој пост: Зошто вашите купувачи го прават онаа што го прават?

Вашата задача како еден претприемач е да стекнете колку што можете повеќе intelligence (ќе го користам зборот разузнавање како производ на разузнавачки процес) за вашите тековни и потенцијални купувачи затоа што едноставно имате потреба од јасно разбирање за тоа зошто го прават токму онаа што го прават.

Затоа и истражување на пазарот игра централна улога во вашиот бизнис и процесот на развој на вашиот бизнис.

Доколку успеете добро да ги разберете персоните на вашите купувачи кои се базираат на нивните потреби, фрустрации, емоции, поттикнувачки фактори, верувања и способности кои влијаат на нивнииот процес на донесување на одлуки ќе бидете многу поблиску до успехот.

Но, главното прашање е како вие можете да учите за други луѓе – тековни и потенцијални купувачи?

Еден од најголемите проблеми на кои наидувате како еден претприемач е откривањето дека немате доволно знаење кое ќе ви помогне да ја завршите оваа важна задача. Тоа не е случај само кај вас, туку кај сите претприемачи.

Купувачите кои веќе ги имате е многу полесно да ги анализирате и предвидите бидејќи вие веќе можете да зборувате со нив, да им поставите прашања и да го анализирате нивното различно однесување базирано на вашите чекори кои вие ги преземате.

Но, повторно мора да напоменам дека успехот во денешниот високо динамичен свет бара да собирате се повеќе и повеќе информации за најважните личности за вашиот бизнис – вашите купувачи. Затоа мора да користите различни алатки на кои ќе го базирате вашето знаење и вашите следни чекори кога станува збор за вашиот мал бизнис. Разни CRM решенија, прибирање и анализа на информации од социјални медиуми, собирање и анализа на информации од интернетот, прашалници, состаноци, тековните и потенцијалните купувачи и контактите кои што ги имате со нив, нивните одговори и препораки се само дел од информациите кои што ви стојат на располагање денес.

Проблемот е уште поголем што формата на прибраните информации не е стандардизирана, но и патот по кој се движи вашиот бизнис не може да се стандардизира особено поради факторот неизвеснот.

Во секој случај мора да размислите за тоа што ќе користите, како ќе користите и кога ќе користите кога станува збор за знаењето за тоа зошто вашите купувачи го прават онаа што го прават.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*