post

Пијалак – Маркетинг средство 45

Пијалак како маркетинг средство? Да, едноставно ова маркетинг средство претставува можност да ги почестите Вашите потрошувачи со еден пијалок без разлика дали се работи за топол напиток како кафе или некој освежителен пијалак како Coca Cola.

Маркетинг средство - Преку пијалак до реципроцитет

Маркетинг средство - Преку пијалак до реципроцитет

Ова маркетинг средство нема за цел да поттикне поголема продажба уште веднаш туку едноставно да предизвика чувство на должност врз основа на правилото на реципроцитет. На ваков начин едноставно, освен што ја зголемувате удобноста при одлучување за купување на Вашиот потрошувач, во исто време го обврзувате, токму заради тоа правило на реципроцитет.

Насловот на овој напис го именував коко пијалок иако може да биде било каква услуга не поврзана со основните функции на бизнисот кој го имате.

Што претставува правило на реципроцитет?

Правилото на реципроцитет во овој наш случај едноставно претствува обврска на оној кој примил некаков вид на услуга да врати со слична услуга на давателот на услуга. Ова едноставно значи дади за да земаш

Реципроцитетот претставува едно од шесте оружја на влијание според Д-р Robert Cialdini кој повеќе години работи на научно истражувачки проекти за влијание како еден психолошки фактор кај луѓето.

Првпат за Д-р Robert Cialdini слушнав во панел дискусиите на The League of Extraordinary Minds каде повеќе експерти одржуваа панел дискусии и одговараа на прашања поврзани со бизнисот и маркетингот. Еден од тие експерти беше и Д-р Robert Cialdini кој напомена дека за секое маркетинг средство пред да започнете да го употребувате да го проверите со листата на 6-те оружја на влијание, бидејќи Вашата цел како претприемач е со маркетинг средствата да извршите влијание врз потенцијалните и тековните купувачи.

Бидејќи ме заинтересира начинот на кој може да се изврши влијание врз потенцијалните купувачи предложен од Д-р Robert Cialdini преку психологија продолжив да истражувам понатаму за неговата работа со тоа што купив две негови книги. Eдната ја читам и се вика Influence – The Psychology of Persuasion (Влијание – Психологија на убедување), додека втората  Yes!: 50 Scientifically Proven Ways to Be Persuasive (Да!: 50 Научно докажани начини да бидете убедлив) е на пат за да ми стигне преку Amazon.

Како да се користи ова маркетинг средство?

Првин воппшто не треба да изгледа како маркетинг средство. Едноставно се случува да го почестите Вашиот клиент онака спонтано. На ваков начин градите едни поблиски односи и секако овозможувате да се појави чувство на обврска за враќање на една таква услуга.

Понекогаш враќањето на таа услуга нема да биде онака како што Вие замислувате. Но, тоа не е важно, важно е дека веќе на некој начин сте успеале да го привлечете вниманието на тоа лице.

Вообичаено правилото на реципроцитет претставува иста или слична услуга за враќање, но сепак тоа во пракса не се случува. Така да некој ќе возврати со поголема услуга, додека некој ќе возврати со помала услуга. Некој пак ќе ја одбие пружената услуга. На пример, постојат и луѓекои не сакаат да бидат почестени со пијалак токму за да не го имаат тоа чувство на должност.

Во секој случај сметам дека ова маркетинг средство има потенцијал да биде доста моќно и вреди да се обидете со истото.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*