post

10 Прашања за вас како претприемач

Честопати ме прашуваат зошто толку многу прашања за претприемачите. Одговорот е затоа што одговор на прашањата ги дава насоките на кои треба да се движи бизнисот.

Секој претприемач, секојдневно мора да си поставува огромен број на прашања. Но, во текот на годината таа бројка ќе биде најмалку 100 прашања.

За премиум претприемач 2.0 развив еден сет од 100 прашања (патем, оваа недела конечно ќе започнеме со постепено лансирање на премиум претприемач 2.0 материјалот) кои треба да се одговараат од страна на претприемачите постојано, нормално доколку сакаат да стигнат и се задржат на врвот. Одговорите се променлива категорија, но процесот кој го предлагам таму е тие 100 прашања барем еднаш годишно да се одговараат.

Тоа е една работа, прашањата и одговорите ќе ви кажат што треба да правите, но следното е имплементација на тие одговори во вид на конкретни планови и конкретни активности како резултат на тие планови.

Тука сакам да презентирам само 10% од тие прашања кои се надевам ќе ви помогнат во процесот на подобрување на вашиот бизнис.

Па, да започнеме.

  1. Колку продажни методи во моментов користите?
  2. Колку нови потенцијални продажни методи тестиравте минатата година?
  3. Колку формализирани системи за генерирање на препораки користите во моментов?
  4. Дали вашиот маркетинг е стратешки или повеќе тактички ориентиран?
  5. Имате ли база на податоци со потенцијални купувачи и купувачи која содржи детални информации како имиња, контакт детали, купување, навики на купување, досегашни контакти, резултати од досегашни контакти…?
  6. Ги користите ли активно сите тие податоци од претходното прашање?
  7. На што го користите повеќе вашето време? Дали на маркетингот или на менаџментот?
  8. Колкав број на конкурентски предности креиравте за вашиот бизнис изминатат година?
  9. Кои се врвните 5 причини зошто потенцијалните купувачи не купиле од вас?
  10. Ги имате ли идентификувано сите можни активности за генерирање на приходи за вашиот бизнис како би можеле да почнете со нивно подобрување?

Целта на овие прашања и останатите 90 во премиум претприемач 2.0 е да поттикнат ваше размислување за бизнисот, маркетингот и продажбата. А, тоа размислување да ве поттикне на преземање на конкретни чекори за подобрување.

Искористете ги и потрошете само 30 минути денес да одговорите на нив, ќе видите какви се идеи ќе ви поминат.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*