post

10 причини да воведете ISO 9001 стандард

Често пати кога разговараме со претставници од компаниите во врска со воведување на ISO 9001, ни го поставуваат следново прашање: „Зошто на нашата компанија ѝ е потребен сертификат за ISO 9001?“. Добро прашање. ISO 9001 е стандард за управување со квалитет и има повеќе причини зошто Вашата компанија треба да го воведе овој стандард.

#1 Исполнување на очекувањата на клиентите

Многу компании решаваат да воведат ISO стандард за да ги задоволат очекувањата на клиентите. Било да се клиентите широка маса на потрошувачи (B2C)  или други компании (B2B), тие ќе преферираат да ги користат вашите услуги или производи доколку вашата фирма работи според меѓународни стандарди. Во некои случаи, клиентите го наведуваат ISO сертифицирањето како предуслов за соработка (на пример кога конкурирате на тендер).

Исто така треба да се има на ум дека целта на системите за менаџирање со квалитет е обезбедување на континуирана задоволност кај клиентите од користење на вашите услуги или производи. На воведувањето на ISO 9001 треба да се гледа како на долгорочен процес за подобрување на квалитетот.

#2 Зголемување на профитот и придобивање на нови клиенти

Штом воведете ISO стандард, тоа можете да го искористите во вашиот маркетинг план, но и да придобиете нови клиенти. Ова особено важи за фирми кои се стремат да излезат на меѓународниот пазар. Запомнете, секој сака да прави зделки со фирми кои нудат квалитетен производ.

#3 Зголемување на квалитетот на производите

Кај ISO 9001, сѐ се врти околу квалитетот. Доброимплементираниот стандард ќе резултира со зголемен квалитет на производите. Тоа ја подобрува вашата позиција на пазарот, а ќе ги стимулира и потрошувачите да зборуваат за вашиот производ.

#4 Намален број на поплаки од клиентите

Кога нудите производ, секогаш треба да водите сметка за поплаките од корисниците. Кога имате воведено стандард за квалитет, прво бројот на поплаки ќе се намали, а како резултат на тоа и трошоците за справување со поплаките од клиентите ќе се намалат со тек на време.

#5 Подобрена комуникација и разбирање на интерните процеси во компанијата

Со ISO 9001 стандардот ќе ги идентификувате клучните процеси во компанијата со метрика која ќе овозможи полесно и подобро менаџирање со интерните бизнис процеси. При воведување на стандардот, се прави искрен обид да се приближи квалитетот на производите до зацртаните цели. Во текот на воведувањето, добивате појасна слика за тоа како може да се оптимизираат интерните процеси во вашиот бизнис.

#6 Развој на деловна култура и морал кај вработените

Воведувањето на ISO 9001 подразбира и едуцирање на вработените. Тоа им дава можност да развијат деловна култура на однесување, зголемен морал и секако шанса да напредуваат во својата кариера. Стандардизирањето ќе им ги разјасни деталите околу очекувањата на компанијата од самите вработени, начинот на користење на алатките кои се потребни да се исполнат тие очекувања и како да извршат мерење на нивната ефикасност при работењето.

#7 Конзистентност при извршувањето на обврските

Конзистентноста подразбира доследност и дисциплина во работењето. Типичен пример е запазување на димензиите на производот, тежината, функционалноста итн. Вашите клиенти го очекуваат тоа од вас и за да го постигнете, потребно е да ја зголемите контролата при работењето. Научете ги вашите вработени како да внимаваат на конзистентноста и валоризирајте го нивниот труд.

#8 Фокусирање кон вредностите

При работењето, често пати се дефокусираме и трошиме време на непотребни работи. Со спроведување на редовни интерни ревизии може да се идентификуваат точките при кои настанува отстапување од главниот фокус на вредности и истото да се елиминира. Тоа е опфатено во стандардот за квалитет.

#9 Заштеда на пари

Ниту еден процес не е идеален, но секој може да се оптимизира. Оптимизацијата опфаќа намалување на трошоците, па затоа на воведувањето ISO стандард за квалитет треба да се гледа како на инвестиција.

#10 Го зајакнува вашиот бренд

Каков впечаток остава вашиот бренд од надворешен аспект? Со работењето според утврдени и признати меѓународни стандарди, создавате слика на сериозна, одговорна и доследна деловна структура од која може да се има големи очекувања. Во многу случаи перцепцијата на вашите потенцијални клиенти има клучна улога за тоа дали ќе направите зделка или не. Во крајна линија, ви дава предност пред конкуренцијата.

Автор на статијата е Ванчо Апостолски, консултант и  основач на ИСО Консалтинг ДООЕЛ – Скопје,  која им помага на фирмите да воведат ISO стандарди, да извадат еколошки дозволи или елаборати.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*