post

ЕФЕКТ НА ПЕПЕРУТКА

Ефектот на пеперутка (BUTTERFLY EFFECT) доаѓа од теорија на хаосот и со најпрости зборови означува дека ситни нешта може да имаат далекусежни последици. На пример, нешто што се случува денес, нешто што правите денес кое може и да не изгледа многу значајно ја менува утрешноста. Овој термин за првпат бил искористен од Edward Lorenz кој вршел симулации за предвидување на времето и кој внел скратен број во децимали при што добил сосема различни предвидувања. Таа разлика во децимали ја нарекол ефект на пеперутка со цел да опише дека доколку пеперутка мрда со крилцата на едно место ќе влијае на временските прилики на друго место.

Овој ефект на пеперутка од теорија на хаосот може да има огромно значење за малите бизниси и претприемачите. кај малите бизниси секојдневно се случуваат голем број на процеси. Секој од овие процеси има одредено влијание на функционирањето на бизнисот воопшто. Мала промена во еден процес може да има голем ефект на целиот бизнис.

Но, ефектот на пеперутка може да се разгледува на два начина за бизнисите:

  • добивање на позитивни ефекти од малите промени
  • добивање на негативни ефекти од малите промени

Вториот тип кога ефектите од малите промени се негативни треба да се елиминира и да се внимава таквите промени да не се случуваат. Додека од првиот начин на разгледување, односно од малите промени произлегуваат позитивни ефекти т.е. подобрување на бизнисот. Значи може да имаме позитивен и негативен ефект на пеперутка, а негативниот е непожелен и мора да го елиминираме. Тоа е задача на претприемачот.

На пример, да земеме дека со некоја наша секојдневна промена добиваме зголемување на профитот од 100 денари дневно. За еден месец ќе имаме 3000 денари зголемување, за една година ќе имаме зголемување од 36000 денари. Но онаа што е значајно на ефектот на пеперутка е што подобрувањата доведуваат до секојдневно зголемување за некој фактор. Така, да направиме симулација на еден позитивен ефект на пеперутка со различни фактори на зголемување за 0.8, 1, и 1.1 за да прикажеме влијание на позитивен (1 и 1.0) и негативен ефект (0.8):

Можеме да забележиме дека со негативен ефект на пеперутка нашиот профит ќе се намалува од можни 36000 на 13000 (за 50%) додека со позитивен ефект од 1.05 ќе имаме зголемување од над 30% на годишно ниво, а пак со фактор од 1.1 ќе имаме зголемување од 80% на профитот на годишно ниво. Тоа е ефект на пеперутка и во секој елемент и бизнис процес може да се пронајде.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Ќе се овозможи ефект на пеперутка во подобрувања. […]

Speak Your Mind

*