post

ПОДОБРУВАЊЕ – ПРЕКУ BUTTERFLY EFFECT

На артиклите на претприемач започнавме една нова тема за организациски промени – TQM. Во првиот дел – историска појава и дефинирање наведовме дека оваа филозофија не успеала во САД бидејќи секогаш кога вработените ќе имаат некоја идеја морале прво да добијат одобрение од менаџментот при што повеќето идеи биле отфрлани или одбивани, така да вработените во иднина немале мотивација да генерираат идеи за подобрување. За да се добие квалитетно и постојано подобрување на квалитетот на производите, услугите и бизнис процесите мора да се овозможи зголемување на креативноста на сите, како на претприемачот така и на вработените.

Во почетокот секој бизнис е мал и е составен само од претприемачот и уште некој вработен. Доколку претприемачот е сам во бизнисот тој генерира бизнис идеи за подобрување. Доколку има и вработени тој ќе генерира идеи за подобрување но и ќе одобрува идеи за подобрување од страна на вработени. Колку повеќе идеи се генерираат толку повеќе ќе се подобруваат сите бизнис процеси.

Но, зошто треба да се искористат идеите за подобрување на вработените?

  • Вработените најдобро знаат што може да се промени кон подобро.
  • Секое работно место има специфичности кои му се познати во поголем степен на вработениот одошто на менаџерот или претприемачот.
  • Ќе се заштеди време менаџерот или претприемачот да се насочат кон посложени бизнис активности.
  • Ќе се овозможи ефект на пеперутка во подобрувања.

Што значи последното?  Секој вработен во бзинсот или учесник во бизнис процесот доколку биде насочен постојано да генерира идеи за подобрување на работниот процес кој што го изведува ќе се овозможи постојаност на малите промени што во иднина ќе имаат огромен ефект на бизнисот воопшто. За овој ефект можете да го погледнете и видеото што го направивме.

Значи со мали секојдневни подобрувања во сите бизнис процеси може да доведе до одлични резултати на севкупниот бизнис. Подобрувањата може да бидат во однос на сите бизнис процеси, но особено е важно бизнисот да има одлични перформанси во следниве:

  • Продажба
  • Маркетинг
  • Производство
  • Процес на менаџмент на трошоци
  • Менаџмент
  • Процес на набавка
  • Менаџирање со залихи итн.

Затоа е пожелно да се овозможи еден вид на партиципативен пристап на сите вработени како би се генерирале колку што може повеќе бизнис идеи за подобрување и бизнисот постојано ќе биде во топ форма.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*