post

ПРЕТПРИЕМНИЧКО ФОКУСИРАЊЕ КОН ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ

Секој бизнис има или би требало да има сопствени бизнис цели. Секој претприемач има или би требало да има сопствени или пак на својот бизнис цели. Се што правиме има некоја цел. Доколку превземеме некој чекор во моментов тоа има некоја цел. На пример, легнуваме за да се одмориме, работиме за да заработиме и овозможиме поудобен живот. Се во нашиот живот има одредена цел. Дури и бизнис идејата има некоја цел поставена од претприемачот. Зошто еден претприемач би барал бизнис идеи доколку нема цел да оствари профит и си овозможи за себе и за своето семејство подобар живот.

Но целите на бизнисот може да бидат:

  • Краткорочни цели кои се однесуваат на некој период мерен во денови, недели или пак месеци.
  • Долгорочни цели кои се однесуваат на некој период мерен во години.

Краткорочна цел може да биде:

„Потребно е да ја зголемиме продажбата во следниот месец за да собереме поголеми приходи и да го отплатиме кредитот кој достасува за еден месец.“

Забележуваме дека зборуваме за временски периоди кои се однесуваат за еден месец од сега.

Долгорочна цел може да биде:

„Потребно е да воведеме систем за подобрување на продажба во следните две години, да оствариме приходи поголеми за 30% и да ги вложиме парите во нова производствена опрема по 3 години за да станеме лидери на пазарот по 4 години.“

Со ваквите цели забележуваме дека користиме временски периоди кои се мерат во години.

И од двата примера имаме цели кои се вистински. Едната е да го отплатиме кредитот, а другата е да бидеме лидери на пазарот. И двете се остварливи со превземање на одредени чекори  акции од наша страна. Само што онаа втората има повеќе чекори и бара работа во подолг временски период.

Доколку на вистинскиот начин го трасираме и обележиме нашиот пат кон поставените цели, ние ие цели ќе ги оствариме. Секоја поставена цел во разумни граници е остварлива но некоја побргу, а некоја поспоро.

Најголема грешка на претприемачите е што целата сопствена енергија (потенцијална енергија) ја насочуваат кон краткорочните цели. Честопати се размислува во стилот да ми биде подобро утре отколку за 2 години ќе се снајдеме, ќе преживееме. Па, на таков начин кога ќе удрат некои надворешни фактори не можат да се снајдат. Често пати бизнисот се гледа во периоди од месеци за да се преживее од месец во месец наместо во периоди од година или пак 10-тина години однапред.

Можеби за ваквата состојба свој допринос има и државата. Често се менуваат правила на игра. Пред некој ден слушнав на улица како двајца претприемачи разговараат дека 90% работат за држава со воспоставените давачки. А оваа ги тера на размислување во однос на преживување. Но каква ни е државата и владата во неа таква е. Да се обидеме нешто да подобриме. Да размислуваме долгорочно. Тоа е еден елемент кој ќе ја зголеми потенцијалната енергија на Вашиот бизнис, ќе ја поедностви работата и едноставно поспремни ќе ја дочекаме турболентната иднина.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] се однесуваат за бизнисот може да прочитате повеќе во Претприемничко фокусирање кон долгорочни цели. Од тука можете да забележите дека целта е составенa […]

Speak Your Mind

*