post

Дополнителна Услуга – Маркетинг средство 44

Стигнавме до 44-тото маркетинг средство во овој серијал кој набргу ќе заврши со традиционалните маркетинг средства. Отсекогаш услугата била и ќе биде добро маркетиншко надополнување на секаков вид на производи и/или услуги кои ги продава еден бизнис.

Дополнителна услуга како маркетинг средство

На секој производ дополнителна услуга или пак на секоја услуга дополнителна услуга претставува додавање на вредност на Вашата понуда. Вообичаено бизнис светот функционира на следниов начин:

Вашиот бизнис има понуда која ја нуди на пазарот на кој има слични понуди од страна на конкуренцијата. Потрошувачите се тие кои бираат, проценуваат и одлучуваат која понуда ќе ја изберат.

На некој начин досега оваа маркетинг средство го претставивме како дел од маркетинг средството понуда од аспект на потрошувачите и супериорната вредност.

Можете да забележите дека понудата од аспект на потрошувачите во својот состав ја има суериорната вредност која може да се користи и како посебно маркетинг средство. Од друга страна како еден составен елемент на упериорната вредност може да биде и дополнителна услуга која е уникатна во однос на конкурентските производи и/или услуги, но која додава вредност во очите на потрошувачите и која едноставно ја зголемува супериорната вредност на Вашиот бизнис.

Од друга страна како едно добро објаснување за оваа дополнителна услуга можете да прочитате и во маркетинг стратегија пржено јајце.

Значи како заклучок можеме да изведеме дека дополнителната услуга само ќе ја зголеми нашата супериорна вредност и секако ќе ја збогати нашата понуда.

Како функционира оваа маркетинг средство?

Процесот е едноставен. На производот кој го продавате со секоја продажба ја нудите и таа дополнителна услуга. Доколку продавате услуга на секоја продадена услуга додајте дополнителна услуга.

Но, функционирањето е едноставно, но поголемо внимание треба да се посвети на вистинската услуга која ќе оди дополнително. Она што треба да се запрашате и да одговорите е:

  • Дали таа дополнителна услуга ќе додаде вредност на мојата севкупна понуда?
  • Дали таа дополнителна услуга ќе вреди за потршувачите и колку ќе вреди?
  • Дали со таа дополнителна услуга нема да ги зголемам трошоците со што цената на производот или услугата кои ги продавам нема да ги покрие?
  • Дали дополнителната услуга е во согласност со производот или основната услуга кои ги продавам?

Ова се основните прашања на кои ќе треба да дадете одговор пре да изберете некоја дополнителна услуга која ќе ја вклучите во Вашата понуда за продажба.

Како да дојдам до вистинската услуга?

Значи процесот на користење на оваа маркетинг средство е да успеете да brainstorm-ирате колку што може повеќе идеи за дополнителни услуги кои можете да ги атачирате кон Вашиот основен производ или пак услуга. Еве една листа на пршања која можете да ја искористите во овој процес на генерирање на идеи за дополнителни услуги како Ваше маркетинг средство:

  • Кои производи и услуги ги продавам?
  • Во која индустрија е мојот бизнис?
  • Кои се карактеристиките на производите и услугите кои ги продавам?
  • Кои прашања ги поставуваат купувачите и корисниците на моите производи и/или услуги?
  • Што нудат конкурентите?
  • Можам ли да го понудам и јас истото што и конкурентите?
  • Можам ли да го подобрам и како да го подобрам она што го нудат конкурентите?

Откако ќе дојдете до повеќе идеи како дополнителна услуга едноставно подредете ги во една листа и започнете со нивна анализа. Анализата всушност ќе биде во стилот на прашањата кои ги опфативме погоре. едноставно бодирајте ја секоја идеја за дополнителни услуги и изберете ја онаа со најмногу бодови на крајот на анализата која ќе ја вклучите во понудата.

Останатите можете да ги комбинирате како што сакате. На пример, да ги понудите како опција за продажба над толку и толку денари или пак било што како резултат на Вашата претприемничка креативност.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*