post

6 Принципи на Влијание – Видео

Маркетинг и продажба всушност претставуваат процеси со  кои еден бизнис или пак еден претприемач влијае врз потенцијалните или тековните купувачи. Како предходница на утрешниот напис од серијалот за маркетинг средства сакам да споделам едно добро видео.

Иако видеото претставува промотивен материјал од истото ќе можете да ги видите шесте принципи на влијание според Д-р Robert Cialdini. Погледајте го видеото кое е помалку од 10 минути.

Значи како основни принципи на влијание Д-р Robert Cialdini ги издвојува следниве:

  1. Реципроцитет. Дади за да земеш, земеш … и земеш.
  2. Реткост. Луѓето сакаат повеќе од работите кои може да ги имаат помалку бидејќи се плашат дека нема да остане за нив.
  3. Авторитет. Авторитетот ја намалува неизвесноста при донесување на одлука за купување.
  4. Конзистентност. Луѓето сакаат конзистентност во она што им е ветено дека ќе го добијат.
  5. Консензус. Единката го следи мнозинството. Во кој ноќен клуб излегуваат сите таму одат и поединците. Затоа е потребно да им се даде доказ за сличните како нив зошто ве одбрале Вас и како сте им помогнале.
  6. Допадливост. Луѓето ќе им дадат доверба на оние кои ги знаат и кои им се допаѓаат на некој начин.

Тоа се 6-те принципи на влијание според Д-р Robert Cialdini кои подетално се разработени во неговата книга: Influence – The Psychology of Persuasion .

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] За доктор Robert Cialdini веќе пишував на претприемач во 6 принципи на влијание каде можете да го видите и видеото со овој врвен […]

  2. […] Во зависност од самата катастрофа, односно изворот на катастрофата ќе можеме да кажеме дали може да се спречи или не може. Понекогаш навистина не можеме да спречиме нешто особено ако тоа нешто се базира на надворешни фактори кои ние како менаџери не ги контролираме. На пример, светска економска криза, војна во друга земја каде што нашиот бизнис е присутен, промена на влада во друга земја… Тоа се фактори кои се надвор од нашиот домен на можно влијание. […]

  3. […] Најдобрите и најпостојаните потрошувачи имаат голем потенцијал да бидат најголеми промотери на Вашиот бизнис. Потребно е само да го поттикнете искористувањето на тој потенцијал. Тие веќе имаат искуство со Вашиот бизнис и знаат кои се Вашите производи или услуги и кои се нивните карактеристики. Едноставно наградете ги за да се почувствуваат привилегирано. Секој сака да се пофали за нешто, па така очекувајте дека за тоа што сте ги наградиле сите нивни познаници, роднини и пријатели ќе дознаат. Од друга страна со наградување ќе поттикнете реципроцитет како еден од 6-те принципи на влијание. […]

Speak Your Mind

*