Книги за доверба

Конечно денес ми пристигнаа книгите кои ги нарачав пред 3 недели од Amazon. Со овие книги ја зголемив мојата лична библиотека на една бројка од точно 356 книги без скрипти и печатени pdf изданија и разни pdf фајлови по неколкуте хард дискови на моите компјутери.

За кои книги станува збор?

Оваа нарачка некако навлезе повеќе во градење на доверба за бизнис цели. Добро, ХХI-от век донесе многу промени во технологијата со што многу промени се појавија и во начинот на практицирање на бизнисот. Сметам дека се она што мислевме дека е добар претприемач во ХХ-иот век треба да го заборавиме и да се свртиме кон градење на еден нов претприемнички дух, кој функционира на еден сосема подруг начин. Барем кај нас ова градење треба да започне колку што може побргу, бидејќи многу касниме, а светот не стои и не не чека нас. Тие едноставно со брзина на светлоста го менуваат изгледот на бизнис светот денес. Да не одиме со онаа познатата песна на Балашевиќ: Путуј Европо, немој више чекати на нас.

Очекувајте поопширни прегледи на овие книги, првиот можеби идната недела кога ќе ја прочитам веќе започнатата книга.

Уф, ќе заборавев за сликата која можеби не е нешто но сепак претставува моја прва крeација преку iPhone и Photoshop за iPhone.

Print Friendly

Сигурно ќе ви се допадне. Ажурирањата на блогот, плус:

  • Е-книга: Блогирање за бизнис
  • 10 Видео материјали за веб презентација на Вашиот бизнис
  • 10 Бизнис темплејти за Вашиот бизнис, и
  • По една претприемничка тема месечно во наредни 8 месеци

Слични теми

About Драган Шутевски

Dragan Sutevski е бизнис консултант кој им помага на малите бизниси да го проектираат нивниот сопствен пат кон успешноста.
Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*