Имплементација наспроти донесување на одлука

Овој краток напис е инспирација од еден цитат на Guy Kawasaki кој Dharmesh Shah еден од авторите на една од најпродаваните книги за маркетинг на Amazon (Inbound Marketing) го твитна денес.

Овој цитат вели:

Тежок дел е имплементацијата на одлуката, а не донесувањето.

Доколку по фази го разгледуваме донесувањето на одлуки, односно доколку тргнеме од самиот проблем кој претставува основа на потреба од некоја одлука овој цитат ќе изгледа нелогичен.

Зошто е тоа така?

Еве го процесот на донесување на одлуки низ фази во вид на пред донесување на одлука и по донесување на одлука:

  1. Откривање на постоење на проблем.
  2. Анализа на проблемот.
  3. Дефинирање на можни решенија на проблемот.
  4. Анализа и оценка на можните решенија.
  5. Избор на најдобро решение (одлука).
  6. Примена на решението.
  7. Контрола на имплементација на решението.

Од овие 7 фази првите 5 се однесуваат на процесот на донесување на одлука додека последните две (6 и 7) на имплементација на веќе донесената одлука. Па, како тогаш согласно цитатот имплементацијата (има 2 фази) е потешка од самото донесување на одлука (има 5 фази)?

Првите 5 фази зависат од нас самите. Го откриваме проблемот, го анализираме, предлагаме решенија и го избираме најдоброто решение. Но, имплементацијата не зависи од самите нас. На пример, менаџерите или пак претприемачите донесуваат одлуки но истите се имплементираат од страна на други луѓе – вработени. Доколку тие не го имплементираат Вашето решение онака како што Вие сте го замислиле целиот процес на донесување на одлука е залуден.

Секаде каде што имплементацијата е во рацете на оние кои не одлучуваат за тоа решение ќе биде потешка.

Од друга страна имплементацијата е веќе практична работа или превземање на вистинска акција која е и прва претприемничка особина. Лесно е нешто да се испланира на хартија, но тешко е да се спроведе во пракса. Многу добри одлуки кои остануваат на хартија едноставно се никакви или некорисни одлуки. Затоа, колку и да е тешка имплементацијата доколку сте донеле одлука имплементирајте ја.

Значи вака гледано имплементацијата е составена од 2 фази, но во составот на тие фази има повеќе подфази, на пример:

  1. План на имплементација
  2. Конкретни активности на имплементација
  3. Одговорности
  4. Мерни индикатори
  5. Спроведување на активности
  6. Следење на спроведените активности
  7. Споредба на реалноста со мерните индикатори.
Print Friendly

Сигурно ќе ви се допадне. Ажурирањата на блогот, плус:

  • Е-книга: Блогирање за бизнис
  • 10 Видео материјали за веб презентација на Вашиот бизнис
  • 10 Бизнис темплејти за Вашиот бизнис, и
  • По една претприемничка тема месечно во наредни 8 месеци

Слични теми

About Драган Шутевски

Dragan Sutevski е бизнис консултант кој им помага на малите бизниси да го проектираат нивниот сопствен пат кон успешноста.
Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. [...] Донесување на одлуки претставуваат секојдневна активност на еден претприемач. Дали се тоа добри или лоши одлуки, дали е тоа одлука за да не се донесе одлука (нулта одлука) или пак нешто друго постои една карактеристика – временска рамка помеѓу донесување на одлука и имплементација на истата. [...]

  2. [...] одговорна задача, бидејќи од квалитетот на донесените одлуки ќе зависи понатамошно работење на компанијата, а [...]

Speak Your Mind

*