post

Претприемач: Претходна недела од 16-ти август и идна недела од 23-ти август 2010

Претприемач - Претходна и идна недела

Претприемач - Претходна и идна недела

Неделата што измина на претприемач преовладуваа темите од маркетингот со надополнување на продажба и знаењето кое треба да го користиме за целите на продажбата. Започнавме со освежување на старите постови кои беа сместени во артикли на претприемач.

Изминатите две недели работевме на креирање на нови 10 видео материјали за тоа Како до веб презентација за Вашиот бизнис. Сите Вие кои сте регистрирани за билтени на претприемач ќе добиете директен пристап до сите 10 видео материјали одеднаш. Очекуваме во текот на неделава што следува да бидат најавени и пуштени официјално. Оние кои досега беа дистрибуирани ќе бидат отворени за пошироката јавност.

Следува сублимирање на претходната недела и распоредот за идната недела.

Понеделник, 16.08.2010 – Како да го користам знаењето како реквизит во текот на продажбата?

Знаењето е нешто што мора да биде насекаде низ Вашиот бизнис. Може да биде користено и како најважен реквизит во текот на продажбата. Претставени се 8 идеи како да го користите Вашето и на Вашиот продажен тим знаење како реквизит во текот на продажбата.

Вторник, 17.08.2010 – Клучни зборови – Маркетинг средство 66

Ова е 66-то маркетинг средство на претприемач. Во серијалот на постови за SEO веќе пишував за клучни зборови како прв столб на еден SEO процес. Во голем дел она што претставуваат клучни зборови е објаснето во тие постови. Но, освен за SEO оптимизација што претставува бесплатно рангирање на страната со резултати на пребарувачите клучните зборови може да се користат во однос на секое Ваше или пак Ваш бизнис присуство на интернетот.

Среда, 18.08.2010 – Успешна маркетинг кампања во 10 чекори

Продажба без маркетинг е невозможна, или е возможна но не онака како еден претприемач би сакал да е. Од друга страна, маркетингот без оној последен чекор, вистинска маркетинг кампања која ќе привлече потрошувачи е како нешто без глава. Во постот се дадени 10 чекори за успеете да спроведете успешна маркетинг кампања.

Четврток, 19.08.2010 – SWOT анализа – еден прашалник

Во овој пост е даден оригиналниот примерок на Анкетен прашалник кој послужил за изработка на магистерскиот труд на м-р Илија Чубровиќ и се однесува за спроведување на SWOT анализа во пракса.

Петок 20.08.2010 – Воведување на нов производ и/или услуга – Фаза 2

Овој пост се однесува на втората фаза од животниот циклус на производите. Воведување на нов производ и/или услуга е една од најважните фази од животниот циклус на производите.

Идна недела на претприемач:

  • Организациска лојалност и посветеност: Што влијае на лојалноста и посветеноста на менаџерите кон организацијата?
  • Размена на линкови – Маркетинг средство 67
  • Непознавање на маркетинг на еден претприемач или менаџер
  • Баланс помеѓу работата и приватниот живот
  • Фазата раст од животниот циклус на производите
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*