post

Ценовна стратегија – Случај на Apple

Ценовна стратегија на Apple

Ценовна стратегија на Apple

Ценовна стратегија е една од најважните бизнис стратегии. Во голем дел успешноста на еден бизнис ќе зависи на таа ценовна стратегија и перцепцијата на потрошувачите во однос на цените.

Корисник сум на Apple-овиот iPhone скоро една година и во моментов сум блиску до донесување на одлука за купување на iPad. Во исто време имам планови за иднина да купам Mac лап топ и потоа да направам трансфер на сите мои компјутери на оперативниот систем од Windows на Mac. Иако веќе една година анализирам, се уште не сум сигурен зошто, но чувствувам дека едноставно сум навлезен во фаза на онаа врескање или гладување за нивните производи. Ова најверојатно е поврзано со нивното успешно лансирање на производот.

Знам дека Apple се многу добри кога станува збор за стратегија за воведување на производот на пазарот кога успеваат да предизвикаат такво привлекување на нивните производи, но воопшто досега не сум размислувал за нивната ценовна стратегија. Претходната недела прочитав навистина добар пост од Ben Kunz за ценовна стратегија на Apple на Bloomberg Businessweek on msnbc.com.

Погледнете во овие две реченици за цените на производите на Apple кои што авторот ги забележува во постот (не ги преведувам за да не изгубат од значењето):

The popular iPod Touch media player has been revamped at three price points – $229, $299, and $399 – all costing more than the iPhone, which does everything the Touch can plus make phone calls.

The current iPad costs $499 in its lowest-powered configuration vs. the Archos 7 Home Tablet ($189) or the Dell Streak ($299 with a two-year AT&T contract). And competitors are rushing to offer more functionality for hundreds of dollars less; the Streak tablet throws in a videocam and phone, which iPads don’t yet match.

За да се успее во вакви ценовни стратегии бизнисот мора да има многу повеќе отколку само врвен производ или технологија. Ова бара комбинација од различни бизнис стратегии кои може да се користат за зголемување на целокупниот бизнис потенцијал.

Во улога на еден потрошувач, јас првин мора да бидам убеден дека сите производи се брилијантни. Потоа ќе погледнам во цените на еден iPod Touch и ќе ги споредам со iPhone и најверојатно ќе изберам да купам iPhone бидејќи тоа е разумно размислување. Карактеристиките и бенефициите од iPad и огромната врева околу него (се смета дека овој производ ќе го направи Apple да биде најмоќнта компанија во светот, по што ќе се соочи со антимонополски закони) ќе направи едноставно да гладувам за да го имам тој производ и најверојатно по одреден период ќе го купам. Мојот мозок е подготвен за таков производ да дадм од $500 до $629 (опциите кои ги разгледувам, а најблиску сум до $629). Во меѓувреме доколку тој производ поевтини заради лансирање на следната генерација ќе бидам уште позадоволен. И потоа со сите тие уредчиња на Apple во моите раце, ќе купам некоја песна, некоја апликација и ќе изнајмам некое видео.

Ова е целиот тој циклус во оваа ценовна стратегија. Но, препорачувам за подетално да го прочитате постот на Ben Kunz.

На крајот, авторот го дава следниот совет:

Следете го Apple, и ќе научите трикови за цени за вашиот сопствен бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Apple несомнено ги знае сите трикови, и несомнено прави одлични производи, но никогаш нема да стане следниот Мајкрософт.
    Тоа е затоа што Google е следен во редот да завладее со светот, ако веќе не е на тронот.
    Но, веќе ништо не е сигурно, никој не може да биде на врвот многу долго. Светот се собра како фармерки после прво перење. Интернетот ги намали далечините, сите знаат сѐ за сѐ. Размената на идеи и знаење никогаш не била полесна, циклусот на замена побрз.

    Apple има фундаментална грешка во својата стратегија, вградена како една од основните цигли, која затоа не може безболно да се „извади“ и ништо да не се случи. Таа цигла е затвореноста на компанијата, нејзината желба потполно да го контролира светот на своите корисници. Такви се нивните оперативни системи, дури и апликациите кои други ги прават за платформата зависат од желбата и „аминот“ на Стив Џобс.
    Ваквата политика води кон тоа развојот да биде зависен исклучиво од внатрешните сили на компанијата, а тоа не гарантира дека секогаш го имате најдоброто во светот.

    Андроид, од друга страна, е многу поотворен, со побрзи циклуси на идавање на нови верзии, секоја драстично подобра од претходната. Андроид успеа во многу кусо време да направи гигантски чекори. Едноставно, целиот свет работи на него.

    Ти препорачувам да сочекаш и да не купуваш iPad. И јас чекам.
    Во наредните неколку месеци, сегашните неколку Андроид-базирани уреди ќе се претворат во неколку десетици, а потоа и во неколку стотици. Apple сеуште ќе го има истиот iPad.
    Многу подобра функционалност, понапредна технологија, а на крајот и неколку стотини долари пониска цена (зошто да не потрошиш 600$ за два уреди, изненади ја сопругата :)), нѐ очекуваат веднаш зад аголот.

    Јас би почекал, би купил Андроид уред, а веќе пет-шест години наназад не користам Windows — поминав на бесплатниот Linux Ubuntu, и никогаш не се завртев да погледнам како било некогаш.
    Наместо прескапи 2000 евра за лаптоп, потроши 700-800 за хардвер со исти перформанси, и стави Убунту на него. Не можеш да згрешиш.

    • Драган Шутевски says

      Благодарам за советите Ванчо, очигледно држат вода.
      Се согласувам дека веќе е тешко некој да биде апсолутен владетел во светот во однос на било која индустрија. Пред извесен период прочитав дека Apple ќе стане една од најмоќните компании благодарение на iPad. Акциите веќе подолг период се во постојан раст и дури се прават смешки дека сега е периодот за продавање на се што се има и купување на акции во Apple кои се очекува уште да растат (иако не е сигурно).
      Windows го користам откако знам за себе, но при последното купување на лаптоп со лиценцирана Vista (катастрофа) ме наведе на размислување едноставно да кажам доста беше. Не сум пробувал бесплатни алтернативи досега, но веројатно нема ништо да изгубам (освен не знам како ќе влијае на апликациите кои ги имам купено и се за Windows).
      Инаку, јас сум корисник на еден бренд се додека не станам незадоволен од тој бренд. Користев Nokia над 10 години (последниот беше N95 кој го платив 800 долари долг период пред да стигне кај нас) и секогаш купував кога ќе излезеше некој нов. Но, едноставно застанаа во однос на новите времиња – интернет, комуникација, разни апликации… Па затоа се префрлив на iPhone кој едноставно одговори одлично на моите потреби (нормално со уште 100-тина долари за апликации) и веројатно подолго време ќе сум верен на овој телефон и овој бренд. Но, за iPad уште сум во фаза на размислување, уште оние последните 1% ме држат подалеку од потврдната одлука.

Speak Your Mind

*