post

10 Совети за да бидеш успешен претприемач

Претприемач во транснационални компании

10 Совети за претприемачи

Да се биде претприемач не е лесно. Многу предизвици, многу различни патишта, многу различни можности, многу закани, многу проблеми… Тоа се секојдневни предизвици на еден претприемач со кои се соочува.

Во овој пост ќе се обидеме да ги систематизираме најважните совети кои треба да бидат следени од еден претприемач.

1. Желба и фокус

Кога постои страствена желба да се постигне нешто, поголема е веројатноста дека ќе се постигне. Но, од друга страна таа желба доведува до висок степен на фокусираност на претприемачот за реализација и претворање на желбата во реалност. Сонот станува реалност.

2. Работи го она што го сакаш и знаеш најдобро, а за се останато најмувај

Никој не е специјалист за се и сешто. Секој човек има нешто во што е подобар од другите. Затоа не може да се очекува ниту од претприемачот дека ќе има капацитет и ќе може сите претприемнички активности да бидат спроведени од него.

Успешните претприемачи го работат она што го знаат најдобро, а за се останато најмуваат соработници.

3. Не се обидувај да ги задоволиш сите

Не го знам клучот за успехот, но клуч за неуспех е да се обидете да ги задоволите сите. ~ Bill Cosby

Цитатот сосема доволно кажува дека клуч за неуспех е обидување да се задоволат сите. Сите немаат потреба од ваш производ или услуга. Можеби немате капацитет да задоволите премногу потрошувачи. Сите потрошувачи немаат капацитет ниту потреба за вашите производи или услуги. Понекогаш можеби е подобро да имате еден ама вреден наместо 1000 кои не додаваат вредност на бизнисот.

Искористете го првиот совет да бидете фокусирани, и тоа фокусирани кон оние најважните потрошувачи.

4. Имај план или To-Do листа за определен период

Кога постои план вашиот фокус е на многу поголемо ниво. Со план имате скицирано патека која води кон успехот – реализација на вашата желба.

5. Обврзувај се да ги завршуваш работите

Можете да го имате најдобриот план за реализација на вашите желби. Можете целосно да бидете фокусирани он таа реализација. Но, доколку не се обврзете да ги завршувате работите испланирани за дневните активности Вашиот бизнис ќе страда.

6. Секој ден обиди се барем малку да го подобриш твојот бизнис

Подобрувањето е основа на секој успешен бизнис. Не постои нешто што не може да се подобри. Луѓето, процесите, структурата, технологијата, производите и/или услугите… Тоа се елементи кои секогаш можат да бидат подобрени.

Обидете се секој ден да барате и да најдете барем нешто со што тие елементи би се подобриле со што ќе обезбедите поголема конкурентска предност.

7. Биди лидер кој ќе биде следен од вработените

Вие и вашиот бизнис не сте сами. Тука се и вработените на кои им е потребно силно водство за да одржат висок морал и императив за завршување на работите онака како што се замислени и предвидени од ваша страна.

8. Никогаш не заборавај на готовинскиот тек

Готовинскиот тек е основниот крвоток на секој бизнис. Без готовина нема да може да се финансира тековното работење на бизнисот ниту пак идниот развој и раст на истиот.

Обиди се секојдневно да го следиш готовинскиот тек и навреме елиминирај ги сите можни застои и пречки кои се јавуваат кај него.

9. Не се плаши од технологијата

Страв од технологија може да биде голема пречка за раст и развој на еден бизнис. Од друга страна таа технологија е нешто што постојани се менува.

Користи ја технологијата, не бегај од можностите што ги нуди.

10. Обидувај се и учи од грешките

Секоја грешка е претходница на можно подобрување.

Секое големо подобрување се појавува по повторување на грешка. Буквално ништо не се изведува правилно од прв пат. Грешки, повторени грешки, се помагала на патот кон остварувањата. ~ Charles Franklin Kettering

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*