post

24 Совети за менаџирање на времето

Email Маркетинг - Ажурирање на бизнис поимник

Менаџирање на време

Една од најважните задачи за претприемачите е потребата за ефективно менаџирање на сопственото време. Знам дека ова понекогаш може да биде доста разочарувачки, доколку не се забележи прогрес во напорите за соодветно менаџирање на сопственото време.

Знаеме дека секогаш можеме да го менаџираме нашето време поефективно и во таков случај да завршиме повеќе работи за помалку време. Од друга страна доколку се постигне успех во менаџирање на сопственото време ќе се постигне успех и во балансот помеѓу работата и приватниот живот.

Менаџирање на времето е значаен дел од процесот на постигнување на целите кој ќе воведе еден менаџмент систем на вашето дневно време кое го трошите на постигнување на целите.

Со соодветен менџмент систем, ќе можете да го менаџирате вашето време поефективно, и ќе завршите повеќе работи за помалку време.

Тука се 24 совети кои ќе ви помогнат во однос на менаџирање на вашето претприемничко време.

  1. Секогаш имај и одржувај свежа to-do листа.
  2. Постави лични и бизнис цели.
  3. Направи приоритизацијата на сите твои активности.
  4. Категоризирај ги активностите согласно важноста и ургентноста.
  5. Не одложувај.
  6. Имплементирај систем за менаџирање на одвлекување на вниманието.
  7. Биди реалистичен во однос на твоите способности и можности.
  8. Прави паузи.
  9. Користи тајмер или аларм кој ќе те потсети да запреш со работата за денес.
  10. Избегнувај мултитаскинг.
  11. Избегни ги сите неважни задачи.
  12. Ветувај го само она што можеш да го испорачаш за семејството и за клиентите / потрошувачите.
  13. Подели го денот врз база на рутински задачи и оние вистински проекти кои заработуваат пари за твојот бизнис.
  14. Осигурај се дека рутинските задачи се последни на листата за завршување.
  15. Делегирај се што може да биде делегирано.
  16. Користи аутсурсинг за дел од активностите.
  17. Често евлуирај го трошењето на твоето време.
  18. Елиминирај се што ти го троши залудно времето.
  19. Побарај помош кога ти е потребна.
  20. Имплементирај рутини секаде каде што е возможно.
  21. Прави ги правите работи на прав начин од првпат.
  22. Не обидувај се да бидеш перфекционист.
  23. Запчни да го слушаш твоето тело.
  24. Награди се себеси.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*